Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хајди Клум како „излезена од гроб“ – се подготвува за најморничавата Halloween маска досега (фото+видео)

Како и секоја година, и оваа Хајди Клум подготвува изненадување за Ноќта на вештерките, а со неколку фотки и видеа покажа дел од маската и ни ја разгоре љубопитноста. Претходно супермоделот ги потсети фановите на маските од минатите години со неколку забавни објави.

hajdi-klum-pokazha-del-od-mornichavata-maska-za-nokjta-na-veshterkite-i-ovaa-godina-ja-otkazha-zabavata-poradi-pandemijata-foto-video-01.jpg

Не залудно Хајди Клум си го заработи прекарот Кралица на Halloween. Секоја година, познатиот супермодел оди до екстреми со нејзините маски и до пред пандемијата, нејзината забава беше најочекуваниот настан за Ноќта на вештерките.

Хајди, која неколкупати има изјавено дека ова ѝ е омилениот период од годината, откри детали за овогодишната маска со неколку Инстаграм објави.

Супермоделот сподели видео на кое изгледа како на нејзиниот грб да нема кожа и се гледа дел од ’рбетниот столб.

Видеото е како најава за краток хорор-филм што моделот веројатно го подготвува за Ноќта на вештерките, а во описот стои: „Доаѓам по вас за 4 дена…“

Хајди објави уште две видеа – на едното се гледа морничавата маска, а другото повторно е со инсерти од краткиот филм.

Со видеата таа открива и како се одвивал процесот на шминкање за морничавата маска.

48-годишниот супермодел и годинава ја откажа забавата за Ноќта на вештерките поради пандемијата – исто како што направи и лани. 

Таа изјави дека воопшто не ѝ се организираат забави додека вирусот пустоши ширум целиот свет.

„Со сè што се случува во светот моментално, мислам дека е премногу рано за да правам забава. Па, и годинава нема да ја правам. Како и минатата година, мислам дека е бесчувствително да организирам забава.

Не сакам никој да биде повреден само затоа што јас сум сакала да се забавувам. Ќе направам пауза уште една година, но дефинитивно подготвувам нешто бидејќи јас сум креативна личност“.

Пред неколку денови Хајди сподели уште неколку морничави видеа на кои изгледа како зомби, но не открива што точно можеме да очекуваме. Па, ни останува само да почекаме уште некој ден.

Изминатата недела Хајди ги потсетуваше фановите со нејзините претходни маски за Ноќта на вештерките, споделувајќи фотки, но и видеа на кои се гледа како се одвивале подготовките.

Погледнете ги на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg