„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче

„Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е неподнослива. Нала отиде на груминг среќна, а излезе повредена и вознемирена. Почина 2 часа подоцна“ – рече сопругата на Бруклин Бекам, по смртта на нејзината чивава. Таа објави фотка на која е скршена од болка на погребот на миленикот, а сопругот ја теши.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-01.jpg

Сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц во изминативе месеци поминува низ мошне тешки мигови. Во мај почина нејзината сакана баба, а сега се соочува со огромна тага, откако почина нејзината чивава – Нала.

Никола на својот Инстаграм профил објави фотка на која се гледа дека на нејзиното куче му организирале погреб со ковчег и цвеќиња, а нејзиниот сопруг Бруклин цврсто ја држи во прегратки и ја теши додека таа плаче.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-02.jpg

Таа минатиот месец објави дека нејзиното куче Нала починало по престој кај фризер, а по тој повод веќе најави дека ќе ги ангажира најдобрите адвокати.

Снаата на Бекамови поднесе тужба против салонот и фризерот кој правел груминг третман за нејзината 8-годишна чивава неколку часа пред да почине.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-04.jpg

Според тужбата, Никола ангажирала компанија која нуди груминг во комби, за да ја избањаат Нала, да ја исушат, да ѝ ги скратат ноктите и да ѝ ги исчистат ушите и забите.

„Нала влезе во комбито како среќно и здраво куче. По 20 до 25 минути асистентката во салонот на Никола ѝ ја врати повредена и видно вознемирена – а беше видливо дека дише тешко и цела е растреперена“ – се вели во тужбата.

По ова, Никола веднаш го однела миленикот на ветеринар, каде било утврдено дека јазикот на Нала е син, има течност во белите дробови и претрпела повреди на нервниот систем.

Кучето починало само 2 часа по сесијата за груминг.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-10.jpg

По смртта на Нала, Никола беше скршена од болка, па на својот Инстаграм објави подолго Стори, во кое појасни како се чувствува:

„Срцето ми е скршено во последните неколку месеци. Последниот месец беше еден од најтешките во мојот живот.

Прво почина мојата баба, а потоа ме погоди и ненадејната смрт на мојата Нала, која на груминг отиде среќна, а се врати вознемирена и почина само неколку часа подоцна – целото наше семејство е скршено од болка.

Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, на ниту едно друго семејство, затоа што болката е неподнослива“ – порача тогаш Никола.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-03.jpg

Инаку, богатата наследничка и актерка започна истрага за смртта на нејзиниот омилен миленик, а според американските таблоиди, фризерот кого таа го тужи Џони Себајос, имал долга историја на злоупотреба на кучиња.

bolkata-e-nepodnosliva-brkulin-bekam-ja-teshi-soprugata-na-pogrebot-na-nejzinoto-kuche-07.jpg

Прочитајте и Не сака домашни миленици и чисти кога сите ќе си легнат - Помалку познати факти за Дејвид Бекам

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...

Најчитани неделава