Ја запросил на Фејсбук, се појави во кимоно и влечки на настан – која е 31 година помладата сопруга на Николас Кејџ?
- Детали
- петок, 19 ноември 2021
-->
Поради светската пандемија врската морале да ја одржуваат на оддалеченост, ја побарал за жена преку Facebook, а прстенот ѝ го пратил по пошта. Што знаеме за петтата сопруга на Николас Кејџ што се појави на црвен тепих во традиционална носија со влечки?
Холивудскиот актер Николас Кејџ (57) се појави на црвениот тепих на Изборот за маж на годината на GQ за 2021 со неговата 31 година помлада сопруга Рико Шибата (26). Актерот и неговата сопруга привлекоа внимание со необичниот стајлинг.
-->
Актерот се појави во црн костум со шапка и брада, а неговата сопруга беше во традиционална јапонска носија со кимоно и апостолки.
Во продолжение неколку интересни факти за нивната врска:
Шибата е петта по ред сопруга на актерот. Тој претходно беше во брак со Патриша Аркет, Лиза Мари Присли, Алис Ким и Ерика Коике.
-->
-->
Кејџ и Шибата се запознале во Јапонија во 2020-та година преку заеднички пријатели додека тој работел на снимањето на филмот Prisoners of Ghostland, а неговата сегашна сопруга во филмот дебитирала како актерка.
-->
Поради избувнувањето на светската пандемија со ковид, Кејџ и Шибата морале да ја одржуваат врската на далечина. Па така таа останала во Кјото, Јапонија, а тој се вратил во САД.
Кејџ во радио шоу во август 2020-та рече дека тој и Шибата се верени. Тој ја побарал за сопруга преку Facebook.
-->
Кејџ ѝ го пратил вереничкиот прстен на својата свршеница преку пошта. Затоа што омилената боја на Шибата е црна, Кејџ нарачал специјално изработен прстен со црн дијамант и црно злато.
Кејџ и Шибата стапија во брак на 16-ти февруари годинава во Лас Вегас. Невестата за најважниот ден во нивните животи беше во традиционална јапонска носија, додека тој се појави во црн костум.
На свадбата присуствувале и поранешната сопруга на Кејџ, Алис Ким и нивниот 15-годишен син Кал-Ел.
Освен на 15-годишниот Кал-Ел, Кејџ е татко и на 30-годишниот Вестон кого го добил во врската со актерката Кристина Фултон.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д...
Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна
Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани)
Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година
„Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак
Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа
Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...