Модна доминација на Адел, скандал со Maneskin: Што ги одбележа BRIT Awards 2022? (фото+видео)
- Детали
- среда, 09 февруари 2022
Адел се појави со огромен дијамантски прстен на раката и поттикна гласини за свршувачка, пејачката Anne-Marie падна на сцената, а обожавателите на Maneskin беа разочарани дека им била „украдена“ наградата. Најинтересните настани од BRIT Awards 2022...
Доделувањето на BRIT Awards 2022 се одржа вчера (08.02) во арената O2 во Лондон. Главна ѕвезда на шоуто беше Адел која доби три награди за нејзиниот најнов албум „30“, а поради еден детаљ ги разгоре гласините дека се свршила со нејзиното момче Рич Пол.
Пејачката годинава освои три награди, а кажа што мисли за тоа што од минатата година BRIT awards ги отфрлија категориите за мажи и жени, туку ги доделуваат наградите во една родово неутрална категорија.
„Сфаќам дека оваа награда е променета, ми се допаѓа тоа што сум жена уметник“ – рече познатата пејачка во нејзиниот говор за наградата „Изведувач на годината“.
Третата награда, за Албум на годината Адел ја посвети на синот Анџело и на поранешниот сопруг Сајмон Конеки, но огромниот дијамантски прстен на нејзината рака ги разгоре гласините дека се свршила со нејзиното момче, спортскиот агент Рич Пол.
Прочитајте и Адел се отвори кај Опра: „Престанав да пијам бидејќи алкохолот го уништи татко ми, срам ми е што бракот ми се распадна“
За време на шоуто особено внимание привлекоа и Anne-Marie и раперот KSI, кога пејачката за време на изведбата на нивната песна „Don’t Play“ при излегувањето се сопна по скалите и падна.
Пејачката успешно ја заврши изведбата, но снимката со нејзиниот пад почна вирално да се споделува на социјалните мрежи.
„И онака не ми требаше левиот зглоб“ – напиша таа подоцна на Твитер, шегувајќи се на своја сметка.
На настанот се појави и италијанскиот бенд Maneskin. Обожавателите на минатогодишните победници на Евровизија на социјалните мрежи застанаа во нивна одбрана, па почнаа да коментираат дека годинава Италијанците биле ограбени на BRIT Awards и дека тие требало да ја добијат наградата за „Најдобра интернационална музичка група“, наместо бендот Silk Sonic на Бруно Марс.
Инаку, Maneskin влегоа во трка за наградата за „Најдобра интернационална музичка група“ заедно со Silk Sonic на Бруно Марс, ABBA и корејскиот бенд BTS.
„Не, не е возможно да ја дадат наградата на Бруно Марс, во присуство на легендите Maneskin“ - се вели во еден од коментарите.
Во продолжение повеќе фотографии од настанот:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





