Пораз од Дима Билан на Евровизија - Која е Ани Лорак, најголемата украинска ѕвезда?
- Детали
- недела, 06 март 2022
Во 2008 година ја претставуваше Украина на Евровизија со песната „Shady Lady“ и заврши на второ место, по претставникот на Русија, Дима Билан.
Ани Лорак е најпопуларната украинска поп пејачка. Родена е 1978 година и постојано се појавува на врвот на листите на најмоќни и највлијателни жени во државата. Нејзиното вистинско име е Каролина Мирославивна Куек.
Таа е една од најплатените пејачки во оваа држава. На Инстаграм има повеќе од 7 милиони следбеници.
Во 2008 година ја претставуваше својата држава на Евровизија со песната „Shady Lady“ и заврши на второ место, по претставникот на Русија, Дима Билан.
Настапот на Дима Билан, со кој победи на Евровизија 2008 година:
Нејзините родители се развеле пред таа да се роди, но мајка ѝ одлучила дека ќе ја роди и ќе ја изгледа сама.
Живееле во голема сиромаштија, а од 6-годишна возраст таа и нејзините браќа извесен период биле сместени во згрижувачки дом, затоа што мајка им не можела да се грижи за нив.
На 13-годишна Ани учествувала на некој музички натпревар и победила. Оттогаш реди успеси со многу хитови, албуми, турнеи и во Украина со право го носи епитетот „дива“.
Во 2009 година украинската ѕвезда стапи во брак, во 2011 година доби ќерка, но со сопругот се разведе во јануари 2019 година.
Фотографии од Ани Лорак:
Повеќе фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира:





