Ја изневери сопругата во јавна секс-снимка, таа му прости – Факти за комичарот Кевин Харт
На почетокот на кариерата му рекле да се откаже затоа што никогаш нема да биде успешен комичар. Лушн Холд, човекот што ги открил Крис Рок и Еди Марфи немал позитивна прогноза за младиот комичар, но сега може да се види дека и најдобрите можат да погрешат во процената.
Кевин во 2003-та година се ожени за комичарката Торeи Харт, со која има две деца: Хевен и Хендрикс.
Во 2014-та година тој ѝ понуди брак на манекенката Енико Париш (37) и со неа се ожени две години подоцна. Во следната 2017-та година објавија дека Енико е бремена.
Во 2017-та година Кевин Харт беше фатен во скандал кога во јавноста беше објавена видео-снимка на која се гледа дека има секс со девојка која не е неговата тогаш бремена сопруга Енико.
Енико во една прилика откри дека за неверството дознала така што добила порака во инбокс на Инстаграм, а дека одлучила да му прости заради нивниот син Кензо што се роди еден месец подоцна.
Кевин доби втора шанса од сопругата, а во 2020-та година заедно ја добија втората ќерка Каори Маи.
Кевин имаше отворено интервју со Вил Смит за татковството каде говореше за тоа како скандалите во неговиот живот влијаеле врз неговите деца. Како што рече, неверството најтешко му го простила неговата ќерка тинејџерка Хевен.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс?
„Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...

Ким Катрал (68) сексапилна на настан во кожен аутфит со 53-годишниот партнер (фото)
Во една пригода Ким Катрал изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорнио...

Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто)
Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...