Ја изневери сопругата во јавна секс-снимка, таа му прости – Факти за комичарот Кевин Харт
- Детали
- сабота, 09 април 2022
Сопругата му е поранешен модел и е 10cm повисока од него. Иако целиот свет ја виде неговата секс-снимка додека таа беше бремена, сепак остана со него и му прости - факти за Кевин Харт.
Кевин Харт (41) е познат по улогите во комедиите Central Intelligence (со The Rock), Ride Along (со Ајс Кјуб), Fatherhood, Get Hard итн. Тој речиси секогаш ја засмева публиката со комичните настапи.
Тој е успешен актер, рапер, а во младоста се занимавал со пливање, па дури бил и во истиот кошаркарски камп со Коби Брајант кога двајцата биле тинејџери.
Во продолжение да погледнеме кој е Кевин Харт и какви скандали ја одбележаа неговата кариера:
Кевин Харт е висок само 162 cm и се гордее со тоа. Честопати знае да се пошегува на сопствена сметка затоа, па дури и направи сопствена iPhone апликација со која треба да се шегувате за неговиот изглед.
Актерот е роден во 1979-та година, а израснал со самохрана мајка и двајца други браќа. За татко му Хенри Харт се знае дека бил криминалец и зависник од дрога, а речиси целиот период од детството на Кевин го поминал во затвор.
-->
-->
Токму во овој период Кевин почнал да се шегува за да го прикрие сопственото страдање. Како што вели, сите шеги му доаѓаат од вистинското искуство.
-->
Кевин има огромен страв од инсекти. Се плаши од пеперутки, скакулци, а за време на снимањето на филмот Jumanji: Welcome to the Jungle во Хаваи колегите му приредиле шега и му фрлиле лажен отровен пајак.
Додека студирал за да обезбеди повеќе пари, на предлог на неговата тогашна девојка сакал да почне да работи како стриптизер. Последните пари ги потрошил за лептир-машна, танга и бебешко масло, но целиот проект завршил неславно кога брат му го фатил додека ја подготвувал рутината и морал веднаш да се откаже од намерата.
-->
Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс?
„Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...

Ким Катрал (68) сексапилна на настан во кожен аутфит со 53-годишниот партнер (фото)
Во една пригода Ким Катрал изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорнио...

Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто)
Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...