Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам

Каке дете Никола играла хокеј, па дури сонувала дека еден ден ќе стане професионален хокеј играч, а нејзината мајка, моделот Клаудија Хефнер стравувала дека ќе се разочара од тоа кога ќе сфати дека за девојчињата нема место во професионалниот хокеј. Сепак, тоа не се случило, а Никола на 12 години почнала да игра во театарски претстави.

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-13.jpg

Никола досега играла во повеќе филмови како Avatar, Transformers, во серијата Bates Motel, а учествувала во видео спот на Мајли Сајрус.

Пред да биде во врска со Бруклин Бекам, Никола се забавуваше со братот на сестрите Џиџи и Бела, Анвар Хадид. По една година врска раскинаа, затоа што тој беше фатен како ја изневерува со Кендал Џенер.

izrasnala-vo-horor-kukja-kajli-djener-i-go-zemala-bivshiot-fakti-za-nikola-pelc-idnata-sopruga-na-bruklin-bekam-05.jpg

Иако точно не се знае кога почнале да се гледаат, Никола и Бруклин на почетокот на 2021-ва година на Инстаграм објавија дека се во врска. Бруклин има голема тетоважа на вратот која всушност е љубовно писмо што Никола му го напишала:

„Ти си мое момче засекогаш. Прочитај го ова секојпат кога ќе се чувствуваш вознемирено.

Сакам да знаеш дека многу си сакан. Ти си најљубезниот човек што некогаш сум го сретнала и се надевам дека нема да поминам ниту еден ден без твојата љубов.

Мислам дека си неверојатен.

Само сакам да знаеш дека можеме низ сѐ да поминеме заедно доколку дишеш длабоко и ми веруваш. Те сакам неизмерно. Секогаш ќе те сака, твојата идна сопруга.“

Се знае дека Никола е во одлични односи со идната свекрва Викторија. Идната сопруга на Бруклин истакна дека Викторија е една од жените на која ѝ се восхитува и ѝ е вистинска инспирација во животот.

Прочитајте повеќе: Татко ѝ е милијардер, мама Викторија ја одобри: 10 факти за девојката на Бруклин Бекам

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава