Необични пријателства од светот на славните со голема возрасна разлика

Питбул (41) и Џон Траволта (68)

Познатиот рапер и актерот се зближија додека соработуваа на филмот Gotti од 2018 година.

Во неколку говори, актерот има споделено дека го гледа раперот како можеби неговиот најдобар пријател, а по филмот, тие имаа уште неколку соработки – Џон Траволта се појави во спот на Питбул, а еднаш се појави и на сцена за време на негов настап.

neobichni-prijatelstva-od-svetot-na-slavnite-so-golema-vozrasna-razlika06.jpg

Снуп Дог (50) и Марта Стјуарт (80)

Раперот и познатата готвачка се можеби најинтересниот пар пријатели во Холивуд.

Тие се запознаа во 2008 година, кога Снуп Дог гостуваше во епизода од кулинарското шоу на Марта. А, оттогаш се практично неразделни.

„Никогаш не сум запознал личност како Марта Стјуарт. Кога сме заедно, тоа е природна комбинација на љубов, мир и хармонија“.

Добрите пријатели неретко соработуваат заедно за рекламни кампањи.

neobichni-prijatelstva-od-svetot-na-slavnite-so-golema-vozrasna-razlika-0.jpg

Хелен Мирен (76) и Расел Бренд (46)

Хелен и Расел потекнуваат од ист град во Англија, па се зближиле речиси веднаш откако се запознале во 2009 година. Тие се толку блиски, што Расел Бренд има напишано цело поглавје само за Хелен во неговите мемоари.

Хелен, пак, секогаш има само пофални зборови за комичарот кога ќе прашаат за него:

„Тој е брилијантен, мудар и паметен“.

neobichni-prijatelstva-od-svetot-na-slavnite-so-golema-vozrasna-razlika-08.jpg

Дакота Фенинг (28) и Том Круз (59)

Дакота Фенинг имаше само 10 години кога се појави во War of the Worlds покрај Том Круз. Актерот, пак, бил воодушевен од неа.

„Прекрасна е. Се чувствувам како да сакам да ја заштитам“.

Тие се пријатели повеќе од 15 години, а Дакота откри дека редовно добива роденденски подароци од Том.

neobichni-prijatelstva-od-svetot-na-slavnite-so-golema-vozrasna-razlika-07.jpg

Џенифер Лоренс (31) и Крис Џенер (66)

Џенифер неколкупати има откриено дека е огромен фан на ријалити шоуто на Кардашијанс, а наводно се зближила со Крис по 25-тиот роденден.

Тие се познавале, па Крис решила да ѝ испрати роденденска торта.

Оттогаш се дружат навистина интензивно, а и двете имаат откриено дека неретко заедно пијат. Крис има изјавено и дека ја гледа Џенифер како ќерка.

neobichni-prijatelstva-od-svetot-na-slavnite-so-golema-vozrasna-razlika-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg