Татко ѝ ја малтретирал, продавала облека на улица за да преживее: Како Ријана стана најмладиот милијардер во САД?
Набрзо потоа Ријана потпишала договор и отишла во САД, каде што се сретнала со Џеј Зи. Интересно е што тогаш раперот мислел дека Pon de Replay – песната што ја прослави Ријана – е песна што таа нема да може да ја изведе добро. Но, штом ја слушнал во живо веднаш си го променил мислењето.
Со ова Ријана ја почна музичката кариера на само 16-годишна возраст. Поради можноста да се пробие во музичката индустрија, Ријана не завршила средно.
Оттука кариерата на Ријана се движи само во нагорна линија – таа издаде неколку успешни албуми, соработуваше со најголемите музички ѕвезди и освои бројни престижни музички награди како Греми. Пејачката се појави и во неколку филмови, а постепено почна да се активира и во модната индустрија.
Но, додека на професионално поле сè ѝ одеше по план, во приватниот живот ситуацијата не беше најдобра. Во 2009 година Ријана беше нападната од нејзиното тогашно момче Крис Браун. На потресните фотографии што се појавија во сите светски медиуми лицето на пејачката беше потечено и со модринки.
Во 2012 година пејачката се отвори за инцидентот во интервју за Опра:
„Бев многу повредена. Никој не знае што почувствував. Целата ситуација се случи пред целиот свет. Беше срамно, беше понижувачко, беше болно. Не е лесно“.
И покрај инцидентот, во интервјуто Ријана вели дека се пријатели со Крис Браун:
„Работиме на нашето пријателство. Се сакаме еден со друг и веројатно секогаш ќе биде така. Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот. Тој беше мојата прва љубов.
За мене најважно е тој да најде мир. Јас не можам да најдам мир ако тој е несреќен или ако е осамен“.
-->
-->
-->
Денес не е познато во каков однос се Ријана и Крис Браун, но пејачката е во среќна врска со Ејсап Роки. Неодамна тие го добија и нивното прво дете, но уште немаат споделено фотографија.
Со музичката кариера, Ријана заработи милиони, но успеа да стигне до статусот милијардер благодарение на другите бизниси. Модниот бренд, како и линијата производи за нега на кожа се мошне успешни и ѝ носат годишна заработка на пејачката од над 200 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

11 деца кои се мини копија на своите славни родители
Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...

Ријана во скут кај Дедо Мраз и уште 13 ретро новогодишни фотки од славните кога биле мали
Ретро новогодишен времеплов од стари фотки на славните личности будат носталгија...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“
„Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...