Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Ким Кардашијан во бизарно издание на Модната недела во Париз – се „крие“ под црн шлем, ќерка ѝ Норт (9) со пирс на носот (фото)

На Модната недела во Париз, Ким Кардашијан се појави со долг црн фустан и црн шлем, а на една ревија присуствуваше и нејзината 9-годишна ќерка која се појави со пирс на носот.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-01.jpg

За нејзините фанови, Ким Кардашијан е модна икона, но голем дел од јавноста смета дека не ја заслужува оваа титула, најмногу поради бизарните изданија кои со текот на времето ѝ станаа заштитен знак.

По чудниот аутфит со жолти налепници, како и бизарната комбинација што ја одбра за минатогодишната Мет гала, Ким Кардашијан се појави во уште едно необично издание.

По ревијата на Balenciaga за време на Модната недела во Париз, 41-годишната ријалити ѕвезда присуствуваше на забава. За пригодата, Ким одбрала долг црн фустан со висока јака и светки.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-08.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-06.jpg

Комбинацијата ја дополнила со чудна маска, која наликува на шлем што ѝ го покрива целото лице, и минијатурна чанта која не е поголема од нејзината дланка.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-07.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-10.jpg

Ким беше и дел од ревијата на Balenciaga, заедно со уште неколку познати личности, вклучувајќи ги Никол Кидман и Дуа Липа.

Од настанот, ријалити ѕвездата сподели и неколку фотки на Инстаграм. На дел од фотографиите може да се види Ким со фустанот што го носеше за ревијата, а на останатите позира со бизарната комбинација.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-14.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-16.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-12.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-18.jpg

Можеби најчудна е фотографијата на која Ким ја носи црната маска, а во раката држи виљушка.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-15.jpg

Ким присуствуваше и на модната ревија на Jean Paul Gaultier, овојпат во друштво на ќерка ѝ Норт.

За вториот настан тие беа во складни комбинации – Ким носеше црн фустан инспириран од аутфит на Мадона, во комбинација со голем сребрен чокер и слична нараквица.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-17.jpg

9-годишната Норт носеше елек и здолниште со ист дезен како фустанот на Ким, заедно со бела кошула.

Највпечатливиот детаљ во нивните комбинации дефинитивно е обетката на носот која е поврзана со синџирче со обетките.

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-04.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-05.jpg

kim-kardashijan-vo-bizarno-izdanie-na-modnata-nedela-vo-pariz-se-krie-pod-crn-shlem-kjerka-nort-9-so-pirs-a-nosot-foto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се прошета во влечки од 410 евра, без грам шминка (во придружба на Канје Вест) Кога Ким Кардашијан е само „обична мајка“ и навива на фудбалски меч на синот, со...
Нови испади на Канје Вест: Се заканува дека ќе го истепа Пит Дејвидсон, удрил фан со бокс, вели дека... Канје Вест продложува да ја изненадува јавноста со испадите – раперот ја обвини ...
Вознемирувачко видео од моментот кога змија каснува пејачка на снимање спот: „Низ што сѐ морам да по... „Никогаш повеќе“ – напиша пејачката која беше касната од змија додека снимаше ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg