9 непријатни ситуации кои Меланија Трамп сака да ги заборавиме
Формално ракување со Доналд Трамп
На настан во 2017 година, Меланија го најави сопругот Доналд кој држеше говор пред американски војници.
Кога заврши со најавата, Доналд ѝ пријде и се ракува со неа.
И ова видео стана вирално и се споделуваше со шеговити описи, како:
„Ништо не кажува дека ја сакам сопругата како цврсто ракување“.
Непријатна средба со Мишел и Барак Обама
Меланија се најде во бројни непријатни ситуации уште на денот на инаугурацијата на Доналд.
Кога отидоа во Белата куќа на средба со Мишел и Барак Обама, најпрво Доналд ја остави сама да се качува по скалите.
Потоа Меланија малку се збуни при поздравувањето со Мишел, а на крај таа ја збуни Мишел бидејќи ѝ даде подарок.
Тажниот израз на Меланија
Веројатно претпоставувате дека следува уште еден непријатен момент од инаугурацијата на Доналд.
Овојпат, Меланија изгледа навистина тажно додека стои зад сопругот, а моментот беше споделен со гиф, со опис:
„Се чини дека единствениот ѕид што го изгради Доналд Трамп е помеѓу него и Меланија“.
Според People, твитот бил лајкнат од тогашниот официјален профил на Меланија, но подоцна лајкот бил тргнат.
Чудна реакција кога ја здогледува Иванка
Наводно, Меланија и ќерката на Доналд – Иванка – не се во најдобри односи, а ова одлично го покажува видео од 2020 година.
Мораше да го потсети Доналд да не гледа во Сонцето за време на соларна еклипса
За време на соларната еклипса во 2017 година, Доналд Трамп неколкупати погледна кон небото без никаква заштита.
Кога забележа што прави, Меланија го праша каде му се специјалните очила.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





