Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем титула во Њујорк

Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тенисерот со најмногу вакви титули во историјата. Во емотивниот говор по победата, тој понизно им се заблагодари на родителите, а му оддаде почит и на неговиот пријател – Коби Брајант – кој трагично загина во авионска несреќа.

roditelite-se-zhrtvuvaa-za-jas-da-stanam-teniser-novak-gjokovikj-so-emotivna-izjava-po-24-tata-grend-slem-titula-01_copy.jpg

Во недела (10.09) Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев на финалето на US Open и со тоа стана рекордер.

Со победата, Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула и стана првиот тенисер во историјата кој го постигнал ова.

View this post on Instagram

A post shared by US Open (@usopen)

Ѓоковиќ и 27-годишниот Данил Медведев играа еден против друг пред две години, а тогаш Русинот го победи тенисерот од Србија.

По последниот натпревар кој се одржа во Њујорк, Ѓоковиќ даде емотивна изјава.

„Не знам од каде да почнам. Секојпат си кажувам дека го живеам сонот. Се натпреварувам на највисокото можно ниво во спорт кој му даде многу на моето семејство.

Беше тешко низ војните во деведесеттите и родителите се жртвуваа за да ме поддржат да играм спорт кој е многу скап. Не е пристапен и достапен во мојата земја.

Се вљубив, никој од моето семејство претходно не играл тенис, па ова беше чуден избор и имаше голема отпорност. Но, сите верувавме, семејството пред сè.

И денес се тука, и мојата сопруга, моите деца… Ова е ваш успех, колку и мој – ве сакам“.

„Испишувањето историја во овој спорт е посебно, на секој можен начин и во секоја можна смисла на овие зборови. Имав детски сон на седум години да ја освојам титулата на Вимблдон. Тогаш го сакав само тоа, а потоа кога сфатив за што сум способен, добив нови цели.

Не можев ни да сонувам дека ќе бидам овде со вас и ќе зборувам за 24-тиот Гренд слем пехар. Изминативе неколку години гледав како работите се случуваа брзо и доаѓаа титули, па си размислував – зошто да не испишам историја?“, изјави тенисерот.

По победата, тенисерот му оддаде почит и на неговиот добар пријател – кошаркарот Коби Брајант, кој трагично загина во авионска несреќа.

На врвот на кариерата, бројот на дресот на Коби Брајант беше 24, па Ѓоковиќ откри дека покрај неговите 24 Гренд слем титули, овој број има и други значење за него.

На тенискиот терен по победата, Ѓоковиќ облече маица со фотографија од него и кошаркарот.

roditelite-se-zhrtvuvaa-za-jas-da-stanam-teniser-novak-gjokovikj-so-emotivna-izjava-po-24-tata-grend-slem-titula-04.jpg

„Оваа маица… Размислував да ја направам пред седум дена. Не кажував ништо на никого, само ги замолив луѓето од тимот да ми помогнат.

Коби ми беше близок пријател, често зборувавме за победничкиот менталитет, како да се вратиш по повреда и да бидеш на врвот. Тој беше еден луѓето на кој најмногу се потпирав, секогаш ми беше овде како поддршка.

Неговата смрт ме погоди. Тој го носеше бројот 24 кога стана легенда на Lakers и светски кошаркар, па со ова на убав и симболичен начин направив нешто за да се сеќаваме на него“, изјави тенисерот.

Рускиот тенисер Данил Медведев иако го изгуби натпреварот, имаше само добри зборови за Ѓоковиќ, а и се пошегува.

„Ова е нашето трето финале, се надевам дека не е последно. Се надевам дека долго ќе бидеш овде, но нели планираш малку да забавиш? Честитки до тебе и твојот тим.

Мислам дека немам лош Гренд слем, но јас имам само еден трофеј, а ти – 24…

Друго нешто, овде бев пред две години победив. Тогаш прославив годишнина од бракот, тоа беше подарок за сопругата.

Денес немаше ништо од тоа. Повторно беше недела и повторно ни е годишнина, си реков ајде уште една, за подарок за сопругата, но не вредеше“, му рече Русинот на Ѓоковиќ.

roditelite-se-zhrtvuvaa-za-jas-da-stanam-teniser-novak-gjokovikj-so-emotivna-izjava-po-24-tata-grend-slem-titula-01.jpg

На прашањето како е да го има Ѓоковиќ како ривал, Данил изјави:

„Не знам… Од една страна е фантастично да се натпреваруваш против Новак во Гренд слем финале, тоа е врвот на мојата кариера. Од друга страна, да не се тој и Рафаел Надал сигурно би имал повеќе Гренд слем титули.

Реков еднаш и ќе повторам – го познавав Новак кога бев 500-ти тенисер во светот и ме третираше како нормална личност. Бев изненаден, оттогаш ништо се нема променето и затоа е прекрасна личност“.

roditelite-se-zhrtvuvaa-za-jas-da-stanam-teniser-novak-gjokovikj-so-emotivna-izjava-po-24-tata-grend-slem-titula-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Му праќал пораки дека сака да го гледа на US Open: 6-годишниот Рики од САД е најголем фан на Новак Ѓ... „Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg