Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија
Во 1997 година, фудбалерот доби уште еден позитивен тест и со ова, неговата фудбалска кариера заврши.
Умирал во агонија
Пo смртта, според експертот кој ja правел аутопсијата, срцето на Марадона било дупло потешко од нормално. Починал во агонија, неколку часа откако имал инфаркт.
Исто така, фудбалерот страдал и од цироза, но и низа други здравствени проблеми.
Медицинскиот тим кој се грижел за него е обвинет за убиство од небрежност. Имаше тврдења дека Марадона пиел пиво утрото пред да почине, а му дале и голема доза апчиња за спиење.
Исто така, се тврдеше дека не воделе добра грижа ни за неговата хигиена – не го туширале, туку само го прскале со црево.
Последните денови од животот му биле ужасни
На судењето беше истакнато дека и последните денови од животот на фудбалерот биле ужасни.
Според главниот обвинител, фудбалерот престојувал во изнајмена куќа од 11-ти ноември до неговата смрт на 25-ти ноември.
Не бил во добра психичка состојба, поради што не можел самиот да води грижа за своето здравје.
Па, токму затоа бил најмен цел тим кој ќе се грижи за неговите потреби.
Но, болничарите и негувателите ги запоставувале своите обврски, не му ја давале соодветната нега на фудбалерот и „го третирале како животно“.
„Во куќата на хоророт каде што почина Диего Марадона, никој не си ја работел својата работа“, сподели обвинителот.
Но, тажењето беше откажано
Судењето на смртта на Марадона беше прекинато до многу бизарна причина – едниот од судиите се појави во документарец за случајот.
Кога излезе трејлерот за документарецот, станало јасно дека имало недозволено снимање и во судницата.
Но, не е познато како точно биле направени овие снимки.
Ново судење за случајот е закажано за март 2026 година.
Спирова С. | Црнобело
