Најзабавните мемиња за Светското фудбалско првенство: „Овој месец владее мир во светот“
- Детали
- среда, 08 јули 2026
Шеги за инциденти од теренот, за фудбалерите, но и за фановите кои будно го следат секој натпревар - годинашното Светко фудбалско првенство навистина го обедини светот и ни покажа дека сите само сакаме да се дружиме и да уживаме, без разлика на нашето потекло.

Светското фудбалско првенство е во полн ек и ги обедини не само фановите на спортот, туку и оние кои ретко кога се интересираат за фудбал.
Некои се шегуваат дека поради првенството сите се чувствуваме како во целиот свет да владее мир, а фановите кои ги следат натпреварите во живо навистина покажуваат дека луѓето навистина само сакаат да уживаат и да се дружат едни со други, без разлика од каде потекнуваат.
Како за секој важен настан, овде се и бројните досетливи објави на социјалните мрежи, главно Твитер.
Дефинитивно доминираат оние за норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, но има доста шеги и за други фудбалери и забавни моменти од периодов поврзани со Светско.
Дел од најзабавните мемиња за Светско:
„Невработениот другар кој го третира Светско како работа со полно работно време“
„Како Трамп ќе ни помогне да победиме на Светско“
„Одење кон 16-та рунда на Светско“
„Животот на 38 години“
На оригиналната објава пишува: „Меси, на прашањето кој гол од Светско му е омилен: ’Не знам, Не се сеќавам. Уморен сум‘“.