Го криеле под кревет во Втора светска војна, 2 пати е украден: Лудата историја на првиот трофеј за Светско

Бараси го зел трофејот кај него дома, го ставил во кутија за чевли, па го скрил под неговиот кревет и со тоа го спасил.

go-kriele-pod-krevet-vo-vtora-svetska-vojna-2-pati-e-ukraden-ludata-istorija-na-prviot-trofej-za-svetsko-13.JPG

Многу години подоцна, во 1966 година, се случила првата кражба на трофејот.

Англија била домаќин на Светско, а трофејот би поставен во Central Hall Westminster, како дел од изложба, каде фудбалските фанови имале можности да го видат во живо.

Но, неколку месеци пред почетокот на првенството, трофејот бил украден.

go-kriele-pod-krevet-vo-vtora-svetska-vojna-2-pati-e-ukraden-ludata-istorija-na-prviot-trofej-za-svetsko-3.JPG

Полицијата трагала, била понудена голема парична награда, но поминале неколку денови и никој не можел да го лоцира трофејот.

Околу една недела по кражбата, трофејот конечно бил лоциран, и тоа благодарение на куче.

Британецот Дејвид Корбет шетал со неговото куче во Јужен Лондон, кога тоа почнало да душка предмет завиткан со весници.

Предметот бил украдениот трофеј, но не е познато како завршил таму ниту кој бил крадецот.

go-kriele-pod-krevet-vo-vtora-svetska-vojna-2-pati-e-ukraden-ludata-istorija-na-prviot-trofej-za-svetsko-11.JPG

Англија победи на првенството и трофејот остана таму сè до 1970 година, кога победи Бразил.

Дотогаш ова беше трета победа на Бразил на Светско и поради тогашните правила, земјата доби право да го задржи трофејот перманентно.

Токму тогаш беше направен и новиот трофеј што го гледаме денес, додека Бразил гордо го задржа стариот.

go-kriele-pod-krevet-vo-vtora-svetska-vojna-2-pati-e-ukraden-ludata-istorija-na-prviot-trofej-za-svetsko-10.JPG

Но, во 1983 година, трофејот Жил Риме беше украден еднаш.

Иако бил чуван во седиштето на Бразилската фудбалска федерација во Рио де Жанеиро со големо обезбедување, сепак некој успеал да го украде.

Оттогаш на трофејот му се губи секаква трага и никој не знае ни кој го украл, ни каде завршил.

go-kriele-pod-krevet-vo-vtora-svetska-vojna-2-pati-e-ukraden-ludata-istorija-na-prviot-trofej-za-svetsko-06.JPG

Некои мислат дека трофејот веројатно бил стопен за да може да се продаде без да се лоцира.

Но, други мислат дека веројатно завршил кај некој богат колекционер кој го купил од црниот пазар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава