Ѝ го посвети првиот гол на Светско, таа јавно му изјави љубов - Која е девојката на Ламин Јамал, со која е во врска од мај 2026?
- Детали
- среда, 15 јули 2026
„Го познавам Ламин многу подолго од овие неколку месеци. Не се баш три години, но многу повеќе отколку што луѓето мислат. Врската ни се развиваше постепено. Поминавме долго време разговарајќи пред првпат да се видиме“, вели младата инфлуенсерка, која е на трибините на секој меч на Јамал на Светското првенство.

Инес Гарсија е шпанска инфлуенсерка за мода и убавина, која ја следат преку 1 милион луѓе на Инстаграм.
Но таа е и новата девојка на Ламин Јамал, еден од најдобрите шпански фудбалери и ѕвезда на Барселона.

Парот почна да се гледа во мај 2026 година, а неполн месец потоа таа замина во САД да го бодри својот дечко на натпреварите на Шпанија.
Инфлуенсерката постојано објавува фотки од стадионите, секогаш облечена во дрес од Јамал.

Но, таа му изјави љубов и јавно, преку Инстаграм Стори, кога му честиташе роденден на 14.07.
„Среќен роденден. Те сакам“, напиша таа на фотката направена на фудбалски терен.

Инес е најновата девојка на фудбалерот, кој само во последната година неколкупати менуваше девојки, дел од нив ги покажуваше и јавно.

Која е новата девојка на младиот фудбалер?
Инес е инфлуенсерка која споделува објави за мода, убавина и животен стил на Инстаграм и ТикТок.
Поради начинот на кој ги води своите профили, почесто добива комплименти отколку критики.
