Фудбалери кои се борци во животот: Меси бил нарекуван кепец, Балотели го провоцираат со банани

Кому ракот двапати му ја прекина кариерата? На кого војната во Југославија засекогаш ќе му остане во сеќавањата? Кој играч е првиот јавно деклариран хомосексуалец во Велика Британија?

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-1.png

Во екот на Светското првенство во Русија, откриваме што се наоѓа и од другата страна на медалите. Кога се говори за машките спортски ѕвезди, честопати муабетот се сведува на убави жени и дебели банкарски сметки.

Но, што се крие зад головите? И фудбалерите неретко имаат тешки и болни судбини. Дел од нив се и пример како да се изборите со неволјите или предрасудите, како на теренот, така и во секојдневието.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-2.jpg

Ова се славните фудбалери кои се борци во животот:

Лионел Меси

За фудбалските постигнувања на аргентинската ѕвезда говори целиот свет. На неговата полица со трофеи се наоѓаат низа награди за најуспешен стрелец, златни топки и златни копачки.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-3.jpg

Сепак, на малкумина им е познато дека на Лионел Меси му е дијагностициран дефицит на хормонот за раст во десеттата година од животот. Од медицинскиот тим во клубот каде тогаш играл, забележале дека сите јуниори растат, додека Лео стагнира на истата висина.

Во текот на наредните години, прошол низ мноштво третмани, добивајќи хормон за раст преку инјекции.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-4.jpg

Челниците на клубот не биле оптимисти во поглед на кариерата на Меси. Паралелно се справувал и со насилството од врсниците. Децата се подбивале и го малтретиле, нарекувајќи го „кепец“ и „џуџе“.

Благодарение на терапиите, тој пораснал 19 сантиметри, па неговата сегашна висина е 169 сантиметри. Во спротивно, експертите се децидни дека би останал под 160 сантиметри.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-5.jpg

Меѓутоа, не било ниту лесно, а ни едноставно како што се чини. Цената на третманите надминувала 1000 долари месечно.

Осигурителната куќа му откажала доверба, а државата западнала во тешка економска криза. Дури по трансферот во Барселона, шпанскиот фудбалски клуб ја презеде сета финансиска одговорност за лекувањето на здравствениот проблем.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-6.jpg

Единствениот зрак светлина за Лео било ветувањето од ендокринологот, кој му рекол дека не знае дали ќе биде подобар играч од Марадона, но сигурно е дека ќе биде повисок од него (165 cm).

Mарио Балотели

„Супер Марио“ од Италија баш и не ужива статус на ѕвезда во татковината.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-7.jpg

Роден е во Палермо, а дете е на бегалци од Гана.

На тригодишна возраст, грижата за момчето ја презеле Силвија и Франческо Балотели – добростоечка италијанска фамилија. Подоцна го посвоиле, по што го добива нивното презиме.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-8.jpg

Среќата била на страната на Марио. Татко му бил добро упатен во светот на фудбалот, па му овозможил рамен пат до кариера во спортот.

Меѓутоа, дури ни многубројните успеси на теренот, не му помогнаа да ги придобие конзервативните навивачи.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-9.jpeg

Тие го омаловажуваат поради бојата на кожата, а речиси секој настап на Балотели е обележан со расистички испади од трибините.

Непријатните ситуации кулминираа со истакнувањето и фрлањето банани кон фудбалерот, грубо поистоветувајќи го со мајмун.

fudbaleri-koi-se-borci-vo-zhivotot-mesi-bil-narekuvan-kepec-baloteli-go-provociraat-so-banani-10.jpg

Во однос на последниот инцидент, тој се огласи пред неколку дена, изјавувајќи дека веќе не е сигурен дали е во прашање расизам или љубомора, но сè уште подеднакво го боли.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...

Најчитани неделава