Фестивал посветен на зајдисонцата е магија од која ќе си ги протриете очите
- Детали
- петок, 28 април 2023
За сите вљубеници во зајдисонцата, сцените од овој фестивал ќе изгледаат како сцени од бајка.

Сте слушнале ли дека постои фестивал на зајдисонцата? Тоа е „Corona sunsets festival“ и се одржува на разни локации низ светот.
Посветен е на најдобрите зајдисонца во светот, па од Мексико до Доминиканската Република се има одржувано на некои од најегзотичните дестинации.
Замислете годинава дестинација беше Јужна Африка - зајдисонце на плажа, пиво и многу, многу уживање.
На фестивалот има разни настапи и изведувачи, но најважно од сè е што се испраќа порака да бидеме еко свесни и да ја чуваме планетата.
Фотографии од атмосферата на фестивалот на зајдисонцата:
С. С. | Црнобело