„Татко ми одамна продолжи понатаму“ - Ќеркa ја фотографира мајка си (61) во бикини за да си најде дечко, 10 години по разводот
Луна била мала кога родителите ѝ се развеле, па отсекогаш ја гледала мајка си како независна жена.
Но, низ годините, се надева дека Хајди ќе најде добар партнер, што ќе ѝ биде поддршка и најдобар пријател, особено затоа што нејзиниот татко одамна продолжил понатаму.

Хајди признава дека долго време била „исплашена да не се изгуби“ повторно во нова врска, но сега е подготвена повторно да зачекори во светот на љубовта.
Не бара маж со раскошен стил на живот, туку некој што ќе ја разбере на подлабоко, емоционално ниво.
„Тој човек треба да додаде вредност во мојот живот...“, вели таа.

Луна пред мајка ѝ да започне со онлајн состанување, ја советува: „Биди отворена. Дури и ако е лош состанок, сепак учиш.
Самото излегување ќе ти ја зголеми самодовербата, без разлика на сè“.
Погледнете го видеото каде Хајди ѝ позира на ќерка си:
@lunamontana anybody have a tall hot dad for her?!🥹
♬ original sound - Audrey Hobert
С. С. | Црнобело