Бизарно: Инфлуенсерка со половина од 50cm носи корсет 23 часа на ден – органите ѝ се изместени, тврди дека е здрава
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Инфлуенсерка од Венецуела вели дека сака да го сруши рекордот за најтенка половина, па за таа цел постојано носи корсет, и покрај предупредувањата од лекарите. Нејзината половина сега има обем од само 50 сантиметри, а таа тврди дека иако малку ѝ се изместиле органите, нема проблеми со здравјето.

Многу жени сонуваат за „совршени пропорции“ на телото, но некои дефинитивно одат до екстреми, па дури и си го загрозуваат здравјето.
Додека повеќето жени кои сакаат да бидат фит и да го постигнат идеалниот изглед се фокусираат на вежбање и здрава исхрана, други пробуваат методи кои иако се можеби ефикасни, не се без ризик.
Алериа Авендањо од Венецуела отсекогаш сонувала за тело со форма на песочен часовник и за таа цел носи корсет и по 23 часа во едно деноноќие.
33-годишната Алериа има половина со обем од само 50 сантиметри, а вели дека 16 години работела напорно за својот бизарен сон.
И покрај предупредувањата што ги добива од лекари, Алериа продолжува да го носи корсетот, а вели дека го вади само по еден час дневно, колку да се избања.
„Ова ме прави среќна. За мене, тенката половина не значи само добар изглед, туку е симбол на дисциплина, фокус и страст.
Одлуката да носам корсет ја донесов свесно, водена од желбата да го трансформирам моето тело во парче уметност“.
Алериа носи корсет повеќе од десет години, а тврди дека воопшто не е болно.
„На почетокот може да делува чудно или неудобно, како секоја трансформација на телото. Но, со текот на времето, ќе ви стане дел од рутината.
Ова е процес на адаптација. Јас никогаш не ги игнорирам сигналите што ми ги праќа телото, па целото искуство не ми создавало болка“.
Со својот изглед, Алериа го привлече вниманието на јавноста уште пред неколку години, а тогаш се огласија и неколку лекари.
За Daily Mail, д-р Андрес Руиз изјави дека она што го прави Алериа е мошне опасно.
„Според моето мислење како доктор, таа веднаш треба да престане со носењето корсети. Фала богу засега си нема направено некаква штета, но треба да престане пред да биде предоцна“.
Но, во ново интервју за истиот медиум, Алериа тврди дека е здрава.
„Долгорочното носење корсет може малку да ја промени положбата на органите, како секоја друга модификација на телото, дури и оние природните, како бременост.
Во мојот случај, целиот процес се одвива со медицински надзор. Никогаш не си го ризикувам здравјето и според сите лекарски прегледи, немам никави проблеми“.
Покрај корсетот, Алериа вели дека имал потрошено и околу еден милион долари на други корекции, како неколку операции на градите и носот, импланти на задникот и нова насмевка.
Нејзината цел била да го собори рекордот за најтенка половина кој моментално ѝ припаѓа на Кети Јунг, чија половина е со обем од само 38 сантиметри.
Очекувано, Алериа се соочува со критики но вели дека ги игнорира.
„Сите можат да си имаат свое мислење, а јас имам право да живеам како што сакам. Никогаш не сум сакала да им удоволувам на другите и сето ова го правам за мене“.