Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бангкок. Иако, за среќа, нема повредени, постоела можност дупката да се прошири. Според надлежните причината е човечка грешка при изградба на метростаница.

Вчера (24.09) во Банкок, Тајланд се создала огромна дупка на прометен автопат.
Дупката се отворила околу седум часот наутро, а во неа вовлекла и автомобили. За среќа, нема повредени и жртви, но надлежните веднаш ја евакуирале областа. Дупката се формирала во близина на болница и полициска станица.
„Дупката има широчина од 30 метри, а длабока е 50 метри и има можност да се прошири.
Подоцна повлече две бандери и автомобил од полициската станица“, стои во официјалното соопштение од надлежните.

Зградата во која е сместена полициската станица била оштетена, додека пациентите и персоналот од болницата во близина веднаш биле евакуирани.
И луѓето кои живееле во областа биле присилени да ги напуштат своите домови.
Според гувернерот на Бангкок, дупката настанала поради изградба на метростаница, но истрагата уште е во тек.
Иако во овој случај дупката е најверојатно поради човечки фактор, некогаш ваквите дупки се формираат и сами од себе.

Некогаш дупките се формираат на покриви од пештери, а некогаш настануваат и поради ерозија од вода.
Но, во населени места, како Бангкок, причината најчесто е човечки фактор.
На Твитер се споделуваат фотки од огромната дупка, а фатен е и моментот кога се создава.