Има отворен брак со сопругата, љубовницата го тужи за пари – Бурниот љубовен живот на поранешниот директор на Гугл

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, 45 години е во брак со сопругата Венди. Но, низ годините, тој имал неколку врски со моќни жени кои не ги криеше од јавноста. Последната афера заврши и со тужба, па милијардерот е обвинет за демнење, па и насилство врз 39 години помладата девојка.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-01.jpg

Ерик Шмит е поранешен извршен директор на Гугл, но периодов привлекува многу повеќе внимание со љубовниот живот, отколку со успешната кариера.

70-годишниот Ерик, иако е во брак, подолг период беше во врска со 30-годишна жена која сега, пак, го тужи за вознемирување.

Ерик Шмит и Мишел Ритер ја почнаа врската во 2021 година. Тогаш милијардерот ѝ помогна да основа своја стартап компанија, вложувајќи 100 милиони долари.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-07.JPG

Според она што е познато за јавноста, до мај 2024-та веќе се разделиле, а само неколку месеци подоцна почнала и нивната судска битка.

Најпрво во септември 2024-та, Ерик поднел тужба против Мишел за прекршување на договор за компанијата што ја основале.

Потоа, кон крајот на истата година, Мишел го обвини милијардерот дека ја исклучил од фирмата што таа ја основа со помош на неговите пари.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-04.JPG

Милијардерот ги нарече обвиненијата апсурдни, а во декември Мишел и Ерик да успеат да направат спогодба.

Богатството на Ерик изнесува над 44 милијарди долари и тој ѝ исплатил значителна сума на поранешната љубовница.

Но, само една недела подоцна, Мишел поднела уште една тужба, овој пат за семено насилство, како и демнење.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-05.JPG

Според тужбата, Мишел стравувала за својата безбедност и вели дека немала каде да се скрие.

„Имајте ја предвид технолошката позадина на Ерик. Буквално не можам да имам приватен телефонски повик или да испратам приватен мејл без да биде надгледуван“, навела Мишел во тужбата.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-11.JPG

Според Мишел, Ерик наредил да ги следат дури и нејзините родители. Кога тие забележале дека некој ги следи, повикале полиција.

Полицајците го испрашале демначот кој им кажал дека работел како приватно обезбедување на милијардерот.

„За жал, мојот поранешен партнер е екстремно моќен и успеа да ми спречи пристап до безбедни информации, уреди, финансиски средства и бизниси или, едноставно, да ме остави да живеам во мир“.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-09.JPG

На почетокот од 2025 година, тие повторно направиле спогодба, па Мишел ја повлекла тужбата.

Според извори блиски до милијардерот, воопшто не било точно дека Ерик бил насилен кон Мишел, ниту дека ја демнел.

Целата драма била околу компанијата што ја основале заедно.

„Ерик инвестира многу во нејзината компанија и, за жал, не функционираше како што се надеваа.

Сега Мишел пробува да ги избегне нејзините обврски наведени во договорот“.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-08.JPG

Иако Мишел ја повлече тужбата за наводно насилство, правната битка меѓу неа и милијардерот уште трае, а извори блиски до него сметаат дека нејзината цел се пари и ништо друго.

Инаку, Ерик Шмит веќе 45 години е во брак со сопругата Венди Шмит. Бидејќи не ја криеше врската со Мишел, се шпекулира дека со сопругата имаат „отворен“ брак.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-03.JPG

Впрочем, милијардерот има и статус на „женкар“, па низ годините имал неколку врски со моќни и познати жени кои воопшто не ги криел од јавноста.

Тој беше извршен директор на Гугл од 2001 до 2011 година. Потоа од 2011 до 2018 година беше претседател на управниот одбор.

imaat-otvoren-brak-so-soprugata-ljubovnicata-go-tuzhi-za-pari-burniot-zhivot-na-poraneshniot-direktor-na-gugl-06.JPG

И бившата девојка Мишел има завидно портфолио – во 2021 година била соработник за сајбер истражувања на Универзитетот Стенфорд. Овој период го запознала и милијардерот.

Исто така работела во американското министерство за внатрешна безбедност како сајбер експерт.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...

Најчитани неделава