Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина

Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантната физика. Речиси веднаш откако ја добил титулата, Лорен се запишал на втори докторски студии, овој пат со фокус на медицината.

genij-od-belgija-doktorira-na-15-godini-studiral-fizika-kje-prodolzhi-so-medicina-01.jpg

Повеќето ќе се согласат дека физиката е една од потешките науки за изучување.

Но, ова не важи за Лорен Симонс – 15-годишно дете од Белгија кое неодамна стана доктор на науки од областа на квантната физика.

Младиот гениј го одбранил својот труд на 17-ти ноември, а пред околу една недела гостуваше во емисија за локална телевизија каде сподели:

„По ова ќе почнам да работам на мојата цел – да создадам ’суперлуѓе‘“.

Како што пренесува белгиската телевизија VTM Niewuws, Лорен е веројатно најмладата личност која докторирала.

Единствено помлад е Карл Вит од Германија кој на 13-годишна возраст ја добил титулата доктор на науки од областа на филозофијата.

Сепак, тој ја добил титулата во далечната 1814 година, кога правилата за докторирање биле поразлични.

Ако се земат предвид модерните методи, Лорен останува најмладата личност со докторат.

Лоран не ѝ е непознат на јавноста и веќе неколку години наназад привлекува внимание со својот академски успех.

Во 2022-ра на само 12-годишна возраст, младиот гениј ги заврши студиите по физика на Универзитетот во Антверпен.

Студиите траат три години, но Лорен ја завршил програмата за само 18 месеци.

Завршил средно на осумгодишна возраст, а уште тогаш почнал да добива понуди за стипендии од моќни компании и богаташи кои сакале да го поддржат.

Сепак, неговите родители Александер и Лидија сакале да му помнат на Лорен да се фокусира на она што го сака.

Лорен отсекогаш сакал да им се посвети на медицинските истражувања, па родителите се потрудиле неговите студии да се одвиваат во таа насока.

На само 12-годишна возраст, Лорен бил дециден дека сака да најде да им го продолжи животниот век на луѓето.

За таа цел, почнал да изучува не само медицина, хемија и биологија, туку и физика и компјутерски науки.

На Институтот Макс Планк во Германија изучил курс за врските помеѓу физиката и медицината, а потоа се запишал и на магистерски студии со фокус на квантна физика.

Лорен има откриено дека ги завршил магистерските студии за само една година, а ги положил сите испити во само еден семестар.

Речиси веднаш по докторирањето, Лорен заминал за Минхен каде што се запишал на втори докторски студии, овој пат со фокус на медицинските науки и вештачката интелигенција.

Коефициентот на интелигенција на Лорен изнесува 145, а неговите родители откриваат дека баба му дедо му биле првите кои го забележале неговиот интелект.

Откако во основно му дозволиле да прескокне неколку одделенија, станало јасно дека Лорен брзо ќе напредува во академскиот свет.

За тоа дали има време за забава, Лорен вели:

„Мислам дека мене ми е позабавно отколку на моите врсници. Бидејќи тие треба да поминат неколку часови на училиште, потоа имаат домашни, па тестови… многу се зафатени.

Јас имам слобода, многу повеќе слобода од нив“.

Лорен вели и дека не чувствува притисок да учи, иако имало предмети кои не му биле забавни.

„За време на студиите требаше да полагам етика и ми беше малку здодевно. Но, тоа беше само еден предмет.

Потоа на магистерските студии беше многу позабавно бидејќи сам си ги избирав предметите“.

Повеќе фотки од младиот гениј на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава