„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“
- Детали
- среда, 15 октомври 2025
Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ да прави напорни вежби кои не секогаш се соодветни за негова возраст. Тој, пак, вели дека е зависен од фитнес и ќе продолжи со тренинзите.

Физичката активност е клучна за добро здравје, но секако, за сè треба да има граница.
Додека вежбите со тежина што ги зајакнуваат мускулите се препорачливи за сите, интензивните тренинзи со многу голема тежина сепак не се препорачуваат за тинејџери на возраст до 14-15 години.
Причината е тоа што овој период телото се развива, а ризикот од повреди е многу поголем.
Токму поради ова, мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики.
Џорџ Холанд има само 14 години, но веќе е бодибилдер, па дури и оди на натпревари.
Мајка му вели дека е горда на неговата посветеност, а дека почнал да вежба на 11-годишна возраст.
Тогаш бил многу мал за да му дозволат да вежба во теретана, па татко му го однел во фитнес центар, каде што се запишал на боксирање.
Набрзо потоа почнал да се фокусира и на бодибилдинг бидејќи сакал да има големи мускули.
Џорџ има над 60.000 следбеници на Инстаграм, но поради возраста, тие честопати изразуваат загриженост за него.
Сепак, вели дека и покрај коментарите дека е премногу мускулест за негова возраст, тој е како зависен од вежбање.
„Сè зависи од тоа колку мускулесто сакате да изгледате. Мислам дека никој не може да биде премногу мускулест ако самиот е задоволен од себе“.
Мајка му открива дека Џорџ е опседнат и со здрава исхрана, а таа го поттикнува во ова.
„Ако се договорат да одат на пица со пријателите, тој со себе носи пилешко и ориз“.
И покрај зависноста од фитнес и здрава исхрана, Џорџ и мајка му тврдат дека тој нема телесна дисморфија.
Велат и дека никогаш не се соочил со повреди и дека засега не чувствува последици што почнал со интензивен тренинг на толку рана возраст.
„Никогаш не спомнал дека не изгледа добро или дека да се притиска… Неговите пријатели кршат раце и нозе додека играат рагби. Но, тој немал ниту една спортска повреда“.
Сепак, за The Sun, докторка вели дека е ризично толку млада личност да се впушти во толку интензивно тренирање.
„Зајакнувањето на мускулите и вежбите со тежина се корисни за адолесцентите. Но, екстремниот бодибилдинг е нешто што би му го препорачала на 14-годишно дете.
Пред 18-тиот роденден, децата не се доволно развиени и фокусирањето на само една мускулна група при вежбање не е добро за растот и развојот“.
Докторката додава и дека многу бодибилдери користат суплементи кои секако не се препорачливи за малолетници.
Прочитајте и: „Татко ми ме малтретираше, морав да вежбам по 12 часа дневно“: Каде е денес „најсилното дете во светот“?
Спирова С. | Црнобело
