Нема ни 40 kg, почна да се крие од јавност: Тажната приказна на анорексичната инфлуенсерка Евгенија Куни
- Детали
- среда, 10 декември 2025
Веќе неколку месеци, инфлуенсерката Евгенија Куни нема споделено ништо онлајн, со што предизвика загриженост кај своите следбеници. Но, неодамна беше фотографирана на аеродром, а се чини дека изгледа послабо од кога било, и покрај тоа што беше во клиника за нарушување со исхраната.

Евгенија Куни е инфлуенсерка со над 700.000 следбеници која изминативе неколку години привлекува внимание со екстремно слабиот изглед.
Претходно, 31-годишната инфлуенсерка има откриено дека се соочувала со нарушување во исхраната, но се чини дека уште го има истиот проблем.
Евгенија ретко се појавува во јавност, но неодамна беше фотографирана на аеродром во Флорида каде што изгледа можеби и послабо од претходно.
Новите фотки од инфлуенсерката повторно поттикнаа загрижувачки коментари:
„Тажно е што е толку слаба. Се молам дека ќе ѝ биде подобро“.
„Не ми изгледа дека е добра“.
„Некој треба да провери како е“.
Евгенија има откриено дека нејзиното нарушување во исхраната е предизвикано од малтретирањето што го трпела од своите врсници.
Злобните коментари и малтретирањето почнале кога имала само шест години, а некогаш биле толку изразени, што во неколку наврати родителите ја запишувале во друго училиште.
На крај, целосно ја отпишале од училиште и го завршила образованието од дома.
Евгенија почна да објавува видеа на Јутјуб како свој вид бегство од реалноста.
Првото видео го објави во 2011-та, а само две години подоцна, почна и да се прославува.
На почетокот од инфлуенсерката кариера, Евгенија изгледа многу поразлично – иако е слабичка, делува здраво и на скоро сите објави е со широка насмевка.
Главно споделуваше видеа за нејзиниот живот, вклучувајќи и мејкап туторијали.
Но, како што се зголемуваше нејзината популарност, се чинеше дека Евгенија станува сè послаба и послаба.
И, до 2015-та, на нејзините видеа доминира коментари од згрижени следбеници.
Повремено Евгенија им одговараше на коментарите, тврдејќи дека е во одлична здравствена состојба, само природно е многу слаба.
Сепак, следната година над 18.000 луѓе потпишаа петиција за Евгенија да добие забрана да објавува на Јутјуб бидејќи промовира анорексија.
Тогаш инфлуенсерката реши да се огласи:
„Некои луѓе велат дека сум лошо влијание за младите девојки. Само сакам да ви кажам дека никогаш не сум пробувала да имам лошо влијание врз никој.
На никој не сум му рекла да слабее или да пробува да изгледа како мене“.
Евгенија продолжи да објавува видеа, за во 2018-та да открие дека тежи само 38 килограми.