„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на професијата
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша средновечни мажи во неуредни станови кои само сакаа да направат неколку опуштени фотографии од мене, знаете, претпочитаа топлес... Дури и не знам колку многу мажи ме пречекаа во хотелски соби или станови со одврзани пењоари“, вели Паулина Пошишкова во својата сурова исповед.

Паулина Поришкова (60) е една од манекенките кои ги поставија темелите и стандардите на модната сцена пред повеќе од 4 децении.
Чешко-шведската манекенка и актерка, која зад себе има 45 години професионално искуство, беше една од оние кои владееја со модниот свет во 1980-тите и почетокот на 1990-тите, а нејзиниот лик можеше да се види насекаде - билборди, реклами, насловни страници, модни кампањи...

Поришкова е една од легендите на списанието Sports Illustrated, позирајќи дури 11 пати за нивна насловна страница.
А како жена која зад себе има богата и успешна кариера, но и огромно искуство во индустријата, таа реши тоа да го сподели јавно и да ги предупреди своите млади колешки на темната страна на манекенството.

Паулина објави видео на Инстаграм во кое ја раскажа својата приказна, а во која вели:
„Почнав да се занимавам со манекенство во Париз на 15 години, за време на летниот распуст и живеев во куќата на претседателот на модна агенција, која беше жена.
Секој ден ме праќаа на таканаречени 1-4-2-10 мисии, односно „оди и види“, каде што ти одиш, а тие гледаат - низ целиот град, сама, без да го знам јазикот или градот.

Понекогаш среќавав луѓе кои беа убаво облечени и во своите канцеларии, а понекогаш беа средновечни мажи во неуредни станови кои само сакаа да направат неколку опуштени фотографии од мене, знаете, претпочитаа топлес...
Дури и не знам колку многу мажи ме пречекаа во хотелски соби или станови со одврзани пењоари, каде што ме праќаа агенциите или клиентите, а не го знам ни бројот на добро облечени постари мажи ме канеа на нивните забави, во нивните автомобили или во нивните продавници и нивните јахти и вили на тропски локации.
Сето тоа го земав здраво за готово, дека мојата работа беше да се соблечам, потоа да се облечам и да смислам како креативно да ги оттргнам од мене овие „запалени“ мажи без да ги навредам и да ја изгубам работата“, вели таа.

Поришкова раскажува дека дури во 1990-тите, кога гледала емисијата на Опра Винфри со пријателка, сфатила дека во сите изминати години е сексуално вознемирување на работа.
„Кога заврши, ја погледнав мојата пријателка и ја прашав: ‘Дали е тоа сексуално вознемирување? Мислев дека тоа се комплименти’.
Кога ќе земете дете и ќе го ставите во која било ситуација, тоа ќе се прилагоди и тоа е одлично кај децата, тие се бескрајно прилагодливи.

Но и многу е лесно да ги обвиниш децата за нешто што ти сакаш, а тие да го прифатат тоа без приговор затоа што, да, можеби ќе ги боли, можеби е лошо, но ако возрасен ви каже дека така треба да биде, тогаш кој си ти - детето - да се буниш?
Тоа ги прави децата најлесни мети. Ако не сте сигурни на која возраст детето е сè уште дете, тогаш или немате дете или немате доволно човечност во себе за да се сетите како е да се биде дете“.

Паулина Поришкова ја сподели својата исповед по шокантните детали што се појавија во случајот Џефри Епстин, а кога Министерството за правда на САД објави милиони документи од неговото досие во кои се опишува како доаѓал до своите жртви и како ги експлоатирал.
Погледнете го видеото со нејзината порака:
А. Ј. | Црнобело
