Нема ни 40 kg, почна да се крие од јавност: Тажната приказна на анорексичната инфлуенсерка Евгенија Куни
Покрај загриженоста за нејзината тежина, почна да се шпекулира дека Евгенија е присилувана од родителите да продолжи да објавува видеа.
Други, пак, ги критикуваа мајка ѝ и татко ѝ бидејќи не преземаат ништо за да ѝ помогнат.
Кога ваквите коментари зачестија, мајката на Евгенија се појави во нејзино видео, изјавувајќи:
„Ја знам ќерка ми. Заедно одиме на лекар. Сите резултати ѝ се добри. Не сум загрижена. Знам што јаде и Евгенија води добра грижа за себе“.
Следната година, Евгенија накратко исчезна од социјалните мрежи, па нејзините следбеници беа загрижени ѝ се случило нешто.
По некое време, инфлуенсерката се огласи на Твитер дека прави пауза и дека „работи приватно со лекар“.
Неколку месеци подоцна, Евгенија првпат откри дека има нарушување во исхраната.
Одлучила да побара помош откако најблиските пријатели изразиле загриженост за нејзината состојба.
Најпрво поминала 72 часа во психијатриска болница во Лос Анџелес, а потоа во центар за рехабилитација, каде останал околу четири недели.
Евгенија зборуваше за искуството во центарот, споредувајќи го со воен камп.
„Беше навистина чудно кога од реалниот свет ќе влезете таму. Моравме да следиме строг распоред и постојано ме набљудуваа. Додека јадев, ме гледа. По оброкот, внимаваа на мене цел час.
Кога одев во тоалет, со мене секогаш доаѓаше медицинско лице. Па, беше чудно што постојано ме гледаа“.
Инфлуенсерката морала да следи посебен режим на исхрана, за што вели дека не било воопшто лесно.
„Ми изгледаше како да отидов таму, и одеднаш требаше да јадам многу храна. Кога видов колку ми се спуштила тежината, беше шок за мене. Не сфатив дека сум стигнала до таа точка“.
Евгенија сподели и дека имало периоди кога била свесна дека не јаде доволно, но не сакала да си признае дека има сериозен проблем.
Сепак, додава дека истовремено ѝ пречело што луѓето повеќе се фокусирале на нејзиниот проблем и ништо друго.
И покрај престојот во клиника, со текот на времето Евгенија не изгледаше како состојбата да ѝ се подобрува.
Нејзината последна објава е од летоска, па повторно се јави загриженост дека можеби ѝ се случило нешто.
Не е познато зошто повторно прави пауза од социјални мрежи, но според последните фотки, веројатно уште води битка со нарушување во исхраната.
Спирова С. | Црнобело