Прељубничката од концертот на Coldplay: „Се однесував несоодветно со шефот и го извлеков подебелиот крај, добивам смртни закани“
На концертот испиле неколку коктели, почнале да танцуваат, па и се прегрнале – мигот што беше овековечен на видео.
„Бев многу засрамена и преплашена. Јас бев шеф на службата за човечки ресурси, а тој е извршниот директор. Целата ситуација е многу клише и многу лоша“, раскажува Кристин.
Заедно со Енди веднаш напишале мејл до директорите на фирмата, но додека да го испратат, видеото веќе било насекаде.
Очекувано, директорите започнале истрага, а бидејќи и Кристин и нејзиниот шеф уште биле во брак, била испратени на принуден одмор.
Кристин дала отказ следниот ден и иако директорите сакале да се врати на својата позиција, таа сепак одбила.
Во меѓувреме, Кристин вели дека станала мета на шеги, навреди, но и закани – тврди дека добила над 60 закани по живот.
Исто така, се случувало кога ќе излезе надвор, луѓето да ѝ довикнуваат со навредливи зборови.
Иако Кристин веќе била разделена со сопругот и целото семејство знаело за тоа, видеото се одразило многу лошо врз нејзината репутација.
Таа смета и дека не е во ред што јавноста секогаш ги оцрнува жените, без да ја знае целата приказна.
„Мислам дека јас како жена, како и обично, го извлеков подебелиот крај. Луѓето ми велат дека сум ’спонзоруша‘, дека сум успеала бидејќи сум спиела со директорот, што воопшто не е точно.
Работев многу напорно за да стигнам дотука, а сега ме обвинуваат за неверство“.
Кристин поднела барање за развод на 13-ти август и вели дека поранешниот сопруг ѝ помогнал да се справи со целата ситуација.
Нејзините деца, кои се на тинејџерска возраст, оделе на терапија и сега се чувствувале многу подобро.
Што се однесува до поранешниот директор на Кристин, Енди, тој уште е во брак со неговата сопруга, но неодамна го продадоа нивниот стан во Њујорк.
Се држат настрана од јавност, но во септември беа фотографирани заедно на плажа.
Спирова С. | Црнобело