Емотивно видео: Последната хемотерапија на девојка од Бразил предизвика аплаузи кај случајни минувачи
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
„Доживеав еден од најпосебните денови во мојот живот. Луѓе што никогаш претходно не сум ги видела свиреа со автомобилите, викаа и се радуваа со мене на улица... Славеа победа што не беше нивна - мојата последна хемотерапија“, вели Наталија Ракел де Оливеира, која се избори со не-Хочкинов лимфом.

Наталија Ракел де Оливеира (@nathyraquel) е инфлуенсерка од Бразил, која неодамна ја заврши борбата со ракот, за која јавно споделуваше детали на својот Инстаграм профил.

Таа сега крајот на оваа тешка фаза од животот ја претвори во момент на славење по улиците на Сао Пауло.

По завршувањето на последната сесија хемотерапија, таа прослави со напис на автомобил и балони, мавтајќи од прозорецот насмеана, потег што ги трогна сите што ѝ се најдоа на патот.

Таа откако доби дијагноза не-Хочкинов лимфом имаше тешки денови, но за овој ден вели дека е еден од најубавите во нејзиниот живот.

На Инстаграм сподели дека реакцијата на непознати луѓе на улица го направила сето тоа уште помагично, со сите свирки, извици и спонтани аплаузи.

Наталија на својот профил напиша:
„Доживеав еден од најпосебните денови во мојот живот. Луѓе што никогаш претходно не сум ги видела свиреа со автомобилите, викаа и се радуваа со мене на улица... Славеа победа што не беше нивна, но која, за неколку секунди, стана на сите.
Мојата последна хемотерапија.
Никогаш не ја изгубиме емпатијата и да се радуваме на извојуваната здравствена битка на другиот.
Овој убав хаос ми го спаси денот“.
