Исчезнувањето на Медлин Меккен се поврзува со Епстин: Изјава од сведок во документите, осомничена која личи на Гислејн Максвел
„Во третата епизода, португалски новинар спомнува скандал што се случил неколку години претходно, а е во врска со малтретирање деца во португалско сиропиталиште. Скандалот е наречен ’Пакт за молчење‘ (Pact of Silence).
Во врска со сиропиталиштето, Casa Pia, новинар тврди дека е познат факт дека американските милионери доаѓале во Португалија со приватни авиони за сексуално да ги малтретираат овие деца“, пишува во мејлот, меѓу другото.
Вториот мејл можете да го погледнете ТУКА.
Третиот документ има дури 40 страници и исто така е мејл кој е испратен од личност по име Џин Џејмс до непозната личност.
Како предмет на мејлот стои фразата „Трансатлантски педофилски конекции?“, а е испратен во 2019 година и можете да го погледнете ТУКА.
Мејлот изгледа како збир од разни написи за педофилија и обвиненија против моќни личности.
Во еден дел од мејлот стои дека уште пред киднапирањето на Медлин Меккен се шпекулирало дека елитата во Европската Унија киднапира момчиња и девојчиња за сексуална експлоатација.
Истовремено, се споделува и фотографија од друг документ на која се гледаат две девојчиња за кое едното (лево) дел од јавноста смета дека премногу личи на Медлин.
Фотографијата пратена преку мејл во 2010 година од непозната личност, со кратка порака: „Среќа“. Можете да ја погледнете и ТУКА.
Која е осомничената жена што се споредува со Гислејн?
Илустрацијата што ја споредуваат со Гислејн е направена од приватни детективи најмени од родителите на Медлин.
Жената била забележана во Барселона, три дена по исчезнувањето на Медлин и според очевидците се однесувала чудно.
Била опишана како жена „која малку личи на Викторија Бекам“, на возраст од 30-35 години, со висина од околу 160 сантиметри.
И, тоа е апсолутно сè што се знае за неа.
Гислејн Максвел никогаш не била личност од интерес во истрагата за Медлин, а и дел од јавноста смета дека илустрацијата е од друга жена, без разлика што многу личи на неа.
Истовремено, ни Епстин никако не бил поврзан со исчезнувањето на Медлин, па постои можноста да е само случајност.
Прочитајте и: Татко ѝ веројатно бил убиен, ќе помине 20 години во затвор: Која е бившата девојка на Епстин што ги регрутирала жртвите?
Но, кога ќе се земе предвид што сè се случувало и што сè излезе на виделина, нормално е теориите на заговор да стануваат актуелни, па и да делуваат веродостојно, без разлика што покажува истрагата.
Погледнете и: Родителите биле на вечера кога таа исчезна, ги обвинуваа дека го скриле нејзиното тело – Која е Медлин МекКен, девојчето по кое се трага 16 години?
Спирова С. | Црнобело