Исчезнувањето на Медлин Меккен се поврзува со Епстин: Изјава од сведок во документите, осомничена која личи на Гислејн Максвел
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Во документите од случајот за Епстин, неколкупати се спомнува името на Медлин Меккен која исчезна во 2007 година во Португалија. Има и фотографија од девојче за кое некои се сигурни дека е Медлин, а се споредува и илустрација од осомничена жена за која јавноста вели дека премногу личи на Гислејн Максвел.

Исчезнувањето на Медлин Меккен повторно станува актуелно откако Министерството за правда на САД објави нова тура документи од случајот за Епстин.
Името на Медлин се спомнува во неколку документи, вклучувајќи и изјава од сведок кој тврди дека ја видел Гислејн Максвел со Медлин, околу две години по нејзиното исчезнување.
Истовремено, во фокус е и илустрацијата на осомничена жена со непознат идентитет која премногу наликува на Гислејн.
За потсетување, Медлин Меккен од Англија и нејзините родители биле на одмор во Португалија во 2007 година.
Една ноќ, тогаш 3-годишната Медлин исчезнала од нивната хотелска соба и до денес не се знае што ѝ се случило, ниту дали е уште жива.
Уште на почетокот на истрагата постоеше сомнеж дека Медлин е можеби киднапирана од педофил или некој вклучен во трговија и експлоатација на деца.
Португалија излегува на море, а семејството било на одмор во гратчето Лагос, на јужниот брег на државата.
Бидејќи јужниот брег на Португалија е блиску до Мароко, некогаш се користел за шверц на дрога, па и трговија со луѓе.
Па, надлежните стравуваа дека Медлин ја снашла таква судбина.
Во истрагата беа вклучени неколку држави, но сепак стоеше во место и до денес, скоро две децении подоцна, од Медлин нема ни трага ни глас.
Имајќи ја предвид педофилската мрежа на Џефри Епстин, сега јавноста се сомнева дека Медлин можеби била негова жртва.
Каде се спомнува Медлин во документите од случајот со Епстин?
Едниот документ, датиран на 7-ми август 2020 година, е всушност од ФБИ и претставува изјава од сведок.
Името на сведокот е скриено и познато е само дека живее во Обединетото Кралство.
Сведокот тврди дека ја видел исчезнатата Медлин во 2009-та со жена која личела на Гислејн Максвел.
„Во септември 2009 година живеев во (скриена локација). Отидов во продавница во соседството. Беше недела и беше многу тивко. Скршнав од мојата улица на главниот пат и одев зад жена и мало девојче.
Имаше и средовечен маж со нив но тој одеше многу понапред. Кога се доближив до девојчето забележав дека личи на Медлин Меккен. Жената пробуваше да ја тера да оди побрзо и изгледаше нервозна што јас сум таму.
Девојчето ја држеше десната дланка врз десното око цело време додека одевме. Продолжи да се завртува за да ме погледне. По некое време продолжив по друг пат…
Не помислив за ова со години, сè додека не видов Фејсбук објава за Гислејн Максвел и теоријата дека таа ја зела Медлин Меккен. Жената што ја видов изгледаше исто како Гислејн Максвел.
Го пријавив ова во полицијата, но мислам дека треба да ги пријавам и кај вас“, пишува во изјавата која можете да ја погледнете ТУКА.
Името на Медлин се спомнува во друг мејл, каде испраќачот и примателот се скриени.
Мејлот е од 23-ти јули 2019 година и се однесува на Нетфликс документарецот за Медлин – The Disappearance of Madeleine McCann.