Ги обвини родителите за силување, ја приморувале на ритуали: Ќерка на израелска политичарка пронајдена мртва во нејзинот дом
- Детали
- вторник, 17 март 2026
„Почнувајќи од возраст на две и пол години, моите родители ме носеа на педофилски церемонии во кои бев програмирана, тренирана со употреба на дрога, хипноза, со употреба на сексуално насилство… И, во мене создадоа различни ’делови‘, различни идентитети“, сподели ќерката на израелска политичарка во вознемирувачко видео. Пред два дена, таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом, но засега не е познато што точно се случило.

Орит Строк е израелска политичарка, чија ќерка Шошана неодамна беше пронајдена мртва.
Но, околностите зa смртта на 34-годишната Шошана се во најмала рака чудни, бидејќи неодамна таа го обвинуваше семејството за сексуално малтретирање и изведување ритуали со неа.
Иако тврдењата на Шошана не се потврдени, целата ситуација е чудна за јавноста, па се чекаат уште детали.
Веста за трагедијата ја споделија неколку израелски медиуми, вклучувајќи го и The Times of Israel, додека смртта на Шошана ја потврди и нејзината мајка, Орит, со објава на Фејсбук:
„Со скршено срце ве известувам за смртта на нашата сакана ќерка Шошана“.
Како што пишува The Times of Israel, полицијата го истражува случајот, но не постоел сомнеж дека смртта е насилна.
Сепак, некои медиуми, посебно странски, пишуваат за обвиненијата на Шошана против нејзиното семејство.
Како што споделува The Jerusalem Post, во неколку објави на социјалните мрежи, Шошана тврди дека трпела сексуално насилство од двајцата родители, како и дека била присилувана да учествува во некакви ритуали.
„Изминативе неколку денови, ми се враќаат сеќавањата за ’терапиите за претворање‘ низ кои поминав додека растев во садистичката секта.
Мојот татко и рабинот Тао се двете личност што ме тераа одново и одново да учествувам во овие церемонии, ритуали во кои бев присилена да повредувам други жени со цел да го избришат мојот идентитет како лезбијка.
Ритуали во кои геј мажи и деца беа натерани да ја стават раката на моите гради и на овој начин, со садистичка тортура и закани, ме присилуваа да разберам дека ме привлекуваат мажи, а нив ги присилуваа да разберат дека ги привлекуваат жени…
Интересите на татко ми и рабинот секако дека беа финансиски“.
Шошана додава и дека била кастрирана на само 13-годишна возраст – нешто за коешто до денес имала кошмари.
Според The Jerusalem Post, полицијата не успеала да ги докаже тврдењата на Шошана, но деталите од нивната истрага не биле најјасни.