Ги обвини родителите за силување, ја приморувале на ритуали: Ќерка на израелска политичарка пронајдена мртва во нејзинот дом

Во Израел се огласиле и неколку организации за заштита на женски права кои побарале пообемна истрага.

gi-obvini-roditelite-za-siluvanje-ja-terale-da-uchestvuva-vo-rituali-kjerka-na-izraelska-politicharka-pornajdena-mrtva-vo-nejzinot-dom-08.JPG

Некои, пак, сметале дека на Шошана не ѝ била дадена соодветна заштита, па можеби ова имало некаква врска со нејзината смрт.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи почна да се споделува и видео од Шошана во кое таа изнесува други вознемирувачки обвиненија.

Не е познато кога е снимено видеото, ниту кој прв го објавил, но жената којашто зборува изгледа исто како Шошана, па постои верување дека е таа.

„Почнувајќи од возраст на две и пол години, моите родители ме носеа на педофилски церемонии во кои бев програмирана, тренирана со употреба на дрога, хипноза, со употреба на сексуално насилство…

И, во мене создадоа различни ’делови‘, различни идентитети“.

gi-obvini-roditelite-za-siluvanje-ja-terale-da-uchestvuva-vo-rituali-kjerka-na-izraelska-politicharka-pornajdena-mrtva-vo-nejzinot-dom-7.JPG

Потоа изгледа како видеото да е исечено, по што Шошана продолжува да зборува:

„Кога имав 13 години, татко ми почна да ме проституира во Тел Авив“.

Видеото повторно изгледа како да е исечено и Шошана вели:

„Заработуваше од мене. Малтретирањето продолжи до многу подоцнежна возраст…“

gi-obvini-roditelite-za-siluvanje-ja-terale-da-uchestvuva-vo-rituali-kjerka-na-izraelska-politicharka-pornajdena-mrtva-vo-nejzinot-dom-.JPG

Шошана вели дека и покрај тоа што ја раскажала нејзината приказна, уште добивала закани од татко ѝ.

„Дојде во мојот стан. Сама изнајмував мој дом… Тој дојде во станот и повторно ме малтретираше. Исто так,а со него донесе уште една личност што ја тренира да ме контролира откако ќе почине.

Бидејќи, така функционира сето ова, се пренесува од генерација на генерација. Малтретирањето проституирањето, сексуалната експлоатација на деца, сексуалната експлоатација на жени“.

Шошана вели дека по последниот напад, го напуштила нејзиниот стан и дека веќе немала дом и престојувала кај пријатели.

Таа додава и дека има и дисоцијативно нарушување на идентитетот поради што се плаши дека ќе заврши на улица.

gi-obvini-roditelite-za-siluvanje-ja-terale-da-uchestvuva-vo-rituali-kjerka-na-izraelska-politicharka-pornajdena-mrtva-vo-nejzinot-dom-03.JPG

Шошана истакнува дека ѝ треба помош и финансиска стабилност за да може да ја добие соодветната медицинска нега.

Не е познато кога точно е снимено видеото, но се споделува најмалку една недела.

Веста за смртта на Шошана, пак, првпат беше споделена на 15-ти март.

Засега не се потврдени обвиненијата на Шошана и не е познато дали има некаква истрага во врска со нив.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...

Најчитани неделава