„Имам 30kg и сум во инвалидска количка – не ми веруваат дека сум во среќен брак со прекрасна сопруга“
„Како и повеќето брачни правови, и ние имаме секс. Ова им е чудно на луѓето кои мислат дека ние со инвалидитет немаме сексуални потреби. Јас имам желба како и секој останат маж.
Сексот за нас не е како во романтичен филм, но тоа не значи дека не е вреден или дека не нè исполнува“.
Шејн признава дека за некои работи добива помош од Хана, на пример облекување. Но, таа воопшто не се грижи за него 24/7.
Во миговите кога му помага, Шејн вели дека тие се зближуваат и ја подобруваат комуникацијата меѓу нив.
Минатата година, Шејн и Хана издадоа и книга во која споделуваат детали од нивниот живот. Во книгата има и интервјуа од други парови каде што едниот партнер е со инвалидитет.
Сметаат дека со книгата ја слават нивната љубов, но и љубовта на сите парови како нив.
Истовремено, пробуваат да ги срушат предрасудите и да им помогнат на луѓето да сфатат дека и лицата со инвалидитет можат да имаат среќен и исполнет живот.
Спирова С. | Црнобело