Следете во живо: Папата Лав ќе ја благослови Саграда Фамилија, на 100-годишнината од смртта на Гауди (видео)

Во февруари годинава, по повеќе од 100 години од почетокот на изградбата, конечно беше ставен крстот на Кулата на Исус Христос кој тежи 100 тона, со што се комплетираше финалната висина на Саграда Фамилија - денес папата Лав XIV ќе има свечена миса и благословување на највисоката црква во светот. 

sledete-vo-zhivo-papata-lav-kje-ja-blagoslovi-sagrada-familija-na-100-godishninata-od-smrtta-na-gaudi-video001.jpg

По повеќе од 144 години откако е започната изградбата на Саграда Фамилија во Барселона, во февруари годинава, највисоката црква во светот ја достигна финалната висина од 172 метри, со инсталацијата на последниот елемент, крстот на централната Кула на Исус Христос.

Крстот кој е круна на Кулата на Исус Христос, кој воедно беше и последен дел од сложувалката, е висок колку зграда од 5 ката и тежи околу 100 тона.

Иако работата на базиликата ќе продолжат можеби и во наредните 10 години, сепак церемонијата за одбележување на архитектонското завршување на нејзиниот највисок и најсимболичен дел беше планирана токму за 2026 година.

Денес, на 10-ти јуни, папата Лео XIV, 11-тиот папа кој го презема престолот откако е започната изградбата, предводи свечена миса и церемонијално благословување.

sledete-vo-zhivo-papata-leo-kje-ja-blagoslovi-sagrada-familija-na-100-godishninata-od-smrtta-na-gaudi-video.jpg

На денешен ден се одбележуваат и 100 години од смртта на архитектот на ова ремек-дело, Антони Гауди, што му дава совршена симболика на настанот за да се прослави комплетирањето на конечната висина на катедралата.

На инаугурацијата се очекува да има илјадници гости, а за оние кои нема да присуствуваат, ТикТок направи партнерство со Саграда Фамилија за во живо да се пренесува моментот, каде публиката од цел свет ќе може да сведочи на историскиот настан, кој поврзува архитектура, наследство и дигитална иновација во реално време.

sledete-vo-zhivo-papata-lav-kje-ja-blagoslovi-sagrada-familija-na-100-godishninata-od-smrtta-na-gaudi-video-16.jpg

sledete-vo-zhivo-papata-lav-kje-ja-blagoslovi-sagrada-familija-na-100-godishninata-od-smrtta-na-gaudi-video-06.jpg

Следете во живо на ОВОЈ ЛИНК (мора да бидете најавени на ТикТок). 

Пренос во живо на YouTube:

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...

Најчитани неделава