„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“

Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете, па затоа за неа се грижеле луѓето што ја посвоиле. Но, сосема случајно, таа открила многу помрачна вистина – нејзината мајка имала 17 години кога ја родила, па ја продала на родителите што се грижеле за неа.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-01.jpg

Луѓето кои биле посвоени е нормално да посакуваат да дознаат нешто за нивните биолошки родители.

Иако родителите што ги посвоиле и се грижеле за нив ги гледаат како свои родители, очекувано е бидат љубопитни за своето потекло.

Дијана Хошберг од Канада знаела дека е посвоена и мислела дека нејзината биолошката мајка починала додека таа била многу мала.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-02.JPG

Но, вистината што ја открила Дијана, која денес има 70 години, била многу, многу помрачна – таа била продадена и целиот нејзин живот всушност бил лага.

„Едно е тоа што открив дека сум посвоена. Но, тоа што дознав дека нема документи или мој извод на раѓање што е вистински беше нешто сосема поразлично. Бев во шок.

Родителите што ме посвоија ме одгледаа и ги сакам, тоа никогаш не се промени. Она што ме измачуваше беше таинственоста. Додека растев, немав поим колкав дел од мојата историја е скриен од мене.

Како што учев повеќе за црниот пазар за бебиња, помалку се фокусирав на луѓето што ме одгледаа, а повеќе на системот што го направил сето ова возможно.

Јас не сакам да обвинувам никој, туку само сакав да го откријам делот од мојот идентитет кој ми бил украден уште пред да постојам“, раскажува Дијана за британскиот The Sun.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-07.JPG

Сè до април 1993 година, Дијана имала генерално нормален живот. Споделува дека ја дознала мрачната тајна додека била на вечера со нејзиниот син Дејвид и нејзиниот пријател Мени.

Мени често доаѓал на гости во домот на Дијана додека била мала, но откако починале татко ѝ и мајка ѝ, се гледале поретко.

Додека разговарале, Мени ѝ кажал нешто што засекогаш ѝ го променило животот.

„Ми рече дека било тажно што никогаш не сум ја сретнала мајка ми, а ова ме збуни. Таа почина кога имав десет години.

Не го разбирав што сака да каже, па кога ме праша дали сакам да ми помогне да ја најдам, почнав да се тресам. Веднаш му се јавив на брат ми за да ја откријам вистината“.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-06.JPG

Брат ѝ ѝ предложил да го побара нејзиниот извод од раѓање, а Дијана тогаш сфатила дека всушност никогаш си го нема видено изводот.

Во меѓувреме почнала да се распрашува по роднините, но вели дека останала со повеќе прашања отколку одговори.

„Еден роднина проба да ја смени темата и ми го спушти телефонот. Друг ми рече дека морал да зборува со адвокат пред да ми одговори нешто“.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-03.JPG

По околу шест месеци, Дијана стапила во контакт со маж од Канада кој ги знаел нејзините родители.

Тој ѝ раскажал за млада девојка, Дона, која забременила на 17 години, но бидејќи не можела да се грижи за детето, направила „таен договор“ со родителите што ја посвоиле.

По ова, успеала да допре до информации за нејзината биолошка мајка, но тогаш дознала дека таа починал на 30-годишна возраст.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-04.JPG

Сепак, Дијана вели дека уште пробува да утврди дали ова е вистина.

„Немам поим колку пари ѝ дале за мене. Но, знам дека немала други деца. Не ја обвинувам за тоа што го направила.

Веројатно тоа било најдобро за сите и моите родители – тие што ме посвоија – беа многу добри со мене. Само посакувам да имав шанса да ја запознам“.

mislev-deka-sum-posvoena-bidejkji-majka-mi-pochinala-doznav-deka-me-kupile-na-crn-pazar-za-bebinja-05.JPG

Дијана вели дека е благодарна што конечно ја дознала вистината, а нејзиното искуство ја мотивирало да напише и книга.

Книгата е издадена во 2025 година, а Дијана се надева дека со неа ќе ги охрабри и другите да ја откријат вистината за себе.

Истовремено уште пред да ја напише книгата, таа им помага на луѓе кои се посвоени да се поврзат со нивните семејства.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава