„Ќерка ми беше жртва на булинг и си го одзеде животот – ми се закануваа со затвор кога не ја испраќав на училиште“
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Многу се измачуваше со малтретирањето кое доаѓаше од сите страни. Ја задеваа, ја нарекуваа чудна, ѝ велеа дека не заслужува да живее. Си доаѓаше дома со искубана коса и црвено лице“, раскажува мајка чие дете посегнало по својот живот поради врсничко насилство.

Врсничкото насилство е сериозен проблем, а за жал, целата јавност беше сведок дека се случува и кај нас.
Последиците што ги трпат малтретираните деца не се само физички – многу пострашно е како траумата се одразува врз нивната психа.
Доста често децата жртви се плашат да побараат помош бидејќи не се слушнати, но и бидејќи се плашат од последиците.
Има ситуации и кога родителите на овие деца реагираат, но залудно.
Кортни Ли од Англија е мајка на дете кое било жртва на врсничко насилство кое поради траумата, одлучило да посегне по својот живот.
Иако ѝ е тешко да зборува за ова, за британскиот The Sun Кортни одлучила да ја сподели својата приказна за да ја зголеми свесноста за овој проблем.
Кортни била таа што ја пронашла нејзината 14-годишна ќерка мртва, а вели дека оваа трагедија е резултат на насилството што го трпела.
Ќерка ѝ Оли починала во октомври 2024-та, откако три години трпела сурово насилство на училиште.
Кортни открива дека вистинското име на нејзината ќерка е Вилоу, но на 13-година возраст посакала сите да ја нарекуваат Оли.
И, овој период станала мета на нејзините соученици, булингот станал поизразен, а се префрлил и на социјалните мрежи
Поради булингот, Оли се самоповредувала и двапати пробала да си го одземе животот.
„Многу се измачуваше со малтретирањето кое доаѓаше од сите страни, од сите одделенија и од сите групи, момчиња и девојчиња.
Ја задеваа, ѝ се смееја, ја нарекуваа чудна, ѝ велеа дека не заслужувала да живее. Си доаѓаше дома со искубана коса и црвено лице, а еднаш си дојде и со скршени очила“.
Мајка ѝ Кортни честопати разговарала со одговорните од училиштето, но вели дека никогаш не ја сфаќале сериозно.
„Преземаа нешто, но не доволно. Ѝ велеа да оди во посебна просторија, но децата ја наоѓаа и таму. Некои деца беа казнети, но други го заземаа нивното место“.
Оли била исмејувана, понижувана, некогаш и физички напаѓана, а ова траело три години.
Во 2023 година, поради притисокот од тортурата, додека била на училиште Оли двапати самата се повредила и иако ова го виделе и наставниците, пак никој не презел сериозни мерки.
„Оли беше таа на којашто ѝ велеа да се држи настрана, да си го јаде ручекот на друго место.
Но, насилниците се тие што треба да бидат отстранети, а не жртвите“.