„Ќерка ми беше жртва на булинг и си го одзеде животот – ми се закануваа со затвор кога не ја испраќав на училиште“

Малтретирањето не завршувало кога Оли си одела дома – добивала сурови пораки и на социјалните мрежи.

kjerka-mi-beshe-zhrtva-na-buling-i-si-go-odzede-zhivotot-05.JPG

Оли посетувала советник, но залудно бидејќи малтретирањето не престанувало. Во една пригодата му кажала дека не се чувствувала безбедно, а набрзо потоа имала два обиди за самоубиство.

„Тогаш веќе не сакавме да се врати во училиштето. Баравме начин да ја преместиме во друго училиште, но нè одбиваа бидејќи немало место.

Потоа се обидов јас да ја образувам дома. Навистина сакав да ја држам настрана од таа средина и да ја заштитам“.

Но, во 2024 година, Кортни добила предупредување дека ќе заврши на суд ако Оли не се врати на училиште.

„Бев исплашена да ја испратам Оли на училиште, но бев исплашена и бидејќи ми кажаа дека ќе завршам во затвор ако не соработувам. Писмото што го добив ме преплаши“.

kjerka-mi-beshe-zhrtva-na-buling-i-si-go-odzede-zhivotot-02.JPG

Кортни одлучила ќерка ѝ да се врати на училиште, но со намален број на часови и можност да ги минува одморите на мирно место.

Некој период Оли не се соочувала со насилство, но ова се променило кога повторно почнала да ги посетува сите часови.

Девојчето повторно разговарало со училишниот психолог и кажало дека не сака да живее. Но, психологот утврдил дека имало „низок ризик“ да се повреди, па не презел ништо.

„Бев гневна бидејќи Оли очигледно уште имаше проблеми и се повредуваше“.

kjerka-mi-beshe-zhrtva-na-buling-i-si-go-odzede-zhivotot-04.JPG

Кога почнал летниот распуст во 2024-та, состојбата на Оли малку се подобрила. Со мајка ѝ оделе на патувања, се забавувале и девојчето изгледало безгрижно бидејќи не морало да се соочи со насилниците.

И новата учебна година почнала релативно добро.

„Кога Оли се врати на училиште во септември, беше добра. Бев изненадена, но сепак бев свесна дека треба да бидам внимателна.

Сепак ѝ го проверував телефонот и ги заклучив сите остри предмети во домот. Ѝ ја проверував собата за нешто сомнително и ѝ го набљудував расположението.

Се надевав дека работите конечно тргнаа на добро“.

Но, неполн месец подоцна, додека биле на екскурзија насилниците повторно ја нападнале Оли и таа рекла дека веќе не сака да се врати на училиште.

Следниот викенд си го одзела животот.

kjerka-mi-beshe-zhrtva-na-buling-i-si-go-odzede-zhivotot-08.JPG

Уште потрагично во целата ситуација е што Кортни вели дека насилниците продолжиле да пишуваат одвратни работи за Оли и по нејзината смрт.

Од целото училиште, само две деца биле казнети за малтретирање, но без насилство.

Кортни смета дека смртта на нејзината ќерка не треба да биде залудна и вели дека си ја насочува тагата кон кампања за промена.

„Смртта на дете е болка што е постојано со вас, но јас ќе продолжам да се борам за промена за ниту едно дете да не го искуси она што ѝ се случи на Оли.

Ниту едно дете не треба да умре поради насилници“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...

Најчитани неделава