Повеќе поларни мечки од луѓе, нема гробишта: 24 факти за животот во најсеверниот град на светот
- Детали
- вторник, 04 декември 2018
Овој норвешки град се наоѓа во близина на Северниот пол, жителите носат пушки со себе, а таму речиси и нема умирање и раѓање. Ова е едно од најдобрите места на светот за набљудување на Аурора Бореалис.

Градот Longyearbyen е едно од најоддалечните населени места на Земјата. Се наоѓа на норвешкиот архипелаг Svalbard, лоциран помеѓу Норвешка и Северниот пол.
Како изгледа секојдневниот живот во ова екстремно место:
Таму живеат 2.144 луѓе и има училиште, црква, ресторани и кино.


До него се стигнува за 3 часа со авион од Осло. Од Longyearbyen до Северниот пол има 1.046 километри.


Има 4 месеци ноќ и 4 месеци ден во текот на годината. На жителите им се препорачува да носат пушка со себе затоа што може да наидат на поларна мечка.

Како и многу места од овој дел на светот, Longyearbyen бил основан како рударски град, но таа фаза минала и сега таму се прават научни истражувања и тури за најавантуристички настроените туристи во светот.

Сега тој е седиште на „Svalbard Global Seed Vault“, светската банка на семиња во која се чуваат семиња од сите познати култури на светот. Објектот влегува 121 метар во планината во близина на градот и има преку еден милион различни семиња.

Дури и да снема струја, поради ниските температури трезорот ќе остане замрзнат и до 200 години, но поради глобалното затоплување се прават скапи надградби за заштита. Внатре има кодирани врати.


На архипелагот има повеќе поларни мечки од луѓе, односно околу 3.000 и иако живеат северно од градот, понекогаш доаѓаат по храна и се закана за жителите.

Жителите задолжително треба да носат оружје ако излегуваат надвор од градот.

Жителите треба да се штитат и од природни непогоди, како лавини.

Иако има мали гробишта, закопувањето било забрането во 1950-тите откако телата почнале да излегуваат на површината поради топење на мразот.

Исто така нема институција за сериозно болните или за породување, па така на овој остров нема ниту раѓања, ниту умирања.

Интересно е што жителите во градот се од 50 различни земји, па тој претставува „мала метропола“.

Уште 12 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија)
Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј...
Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр...
Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ...
„Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...