Го крена светот на нозе, па го обвинија за измама – Што се случува со момчето кое сакаше да си го одземе животот?
- Детали
- сабота, 22 февруари 2020
Момчето кое го крена светот на нозе заради видеото во кое се жали дека сака да умре како резултат на булинг, доби голема поддршка и од славните, а собраа и многу пари за момчето да оди во Дизниленд, но потоа беше обвинето дека е измамник – што велат доказите за овие теории на заговор?
Вчера вирално се прошири приказната за 9-годишниот Квејден Бејлс, момче со џуџест раст, кое се соочувало со булинг и злобни коментари на училиште.
Неговата мајка, Јарака, објави видео од него, на кое момчето плаче и вели „Сакам да умрам сега“, а пораката на видеото е да се обрне повеќе внимание на булингот како сериозен проблем, со оглед на тоа што мајката веќе била во безизлезна ситуација.
„Го земав син ми од училиште и бев сведок на булинг епизода, му заѕвонев на директорот и сакам луѓето да знаат, родителите, воспитувачите, наставниците, ова е ефектот од булингот и ова е тоа што булингот го прави. Чуствувам дека правам нешто погрешно како родител, имам чувство дека образовниот систем се распаѓа.“
Видеото допре до срцата на луѓе од целиот свет, а се огласија дури и славните личности. Момчето доби најголема поддршка од Хју Џекмен, кој објави видео порака во која вели:
„Ти си посилен од ова другар, имаш пријател во мене. Ве молам сите, бидете љубезни еден кон друг, булингот не е во ред. Животот е доволно тежок, да се сетиме дека секој човек се соочува со некаква битка, да бидеме љубезни.“
Aмериканскиот комедијант, Бред Вилијамс, кој е исто така со џуџест раст, изрази поддршка за него, се обиде и да стапи во контакт со семејството, а дури успеа да собере повеќе од 350.000 долари преку GoFundMe за момчето да оди на најсреќното место во светот – Дизниленд.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1230333175982768128&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.latimes.com%2Fentertainment-arts%2Fstory%2F2020-02-21%2Fbrad-williams-quaden-bayles-bullying-australia
Џефри Дин Морган исто така упати поддршка до момчето со видео порака на Твитер:
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1230573339795693571&ref_url=https%3A%2F%2Fiheartintelligence.com%2Feffects-of-bullying-boy-tells-mother-wants-to-die-celebrities-come-out-in-support%2F
Откако цела оваа приказна стана вирална и го крена светот на нозе, некои луѓе решиле дека треба малку повеќе да истражат, па на социјалните медиуми се проширија теории на заговор, кои го прикажуваат момчето како измамник.
Всушност, некои твитерџии се посомневаа во вистинската возраст на момчето и тврдеа дека тој е постар, судејќи по неговите Инстаграм фотографии кои не укажуваат на 9-годишник.
Сепак, иако многумина на момент се посомневаа во вистината на оваа приказна, станува збор само за теории на заговор, бидејќи Инстаграм фотките не се доволен доказ.
Но, очигледно мајката на момчето се појавувала на телевизии и во претходните години, но и објавувала фотки од детето и пред неколку години, каде може јасно да се забележи дека тој е дете.
На фотографии од 2016-та, на кои Квејден се шета со кучето, може да се забележи дека му недостасуваат неколку предни заби, а во статијата се вели дека има околу 5 години, што одговара на сегашната возраст од 9 години.
Во 2015-та, направена е и репортажа за семејството, а на снимката може да се забележи малечкиот Квејден.
Очигледно, на крајот теориите на заговор се лажни и момчето има сепак 9 години, а тој заедно со мајка му добива многу поддршка од луѓето од целиот свет.
Карди Би дури објави видео во кое вели дека не мисли дека момчето лаже за возраста, а мајката го сподели видеото и ѝ се заблагодари.
Се надеваме дека момчето ќе ја сфати целата поддршка што ја добива и ќе успее да го надмине целиот проблем за да ужива во неговиот живот!
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





