Викендов Грците ќе уживаат на 515 отворени плажи – под кои услови ќе работат?

Викендов во Грција ќе бидат отворени 515 организирани плажи со чадори и лежалки, кои беа затворени поради пандемијата, па топлотниот бран Грците ќе го поминат во уживање, но со посебни мерки за почитување.

vikendov-grcite-kje-uzhivaat-na-515-otvoreni-plazhi-pod-koi-uslovi-kje-rabotat-01.jpg

Секретаријатот за цивилна заштита на Грција објави дека на 16-ти мај ќе бидат отворени 515 плажи, водејќи се по метеоролошките прогнози и најавениот топлотен бран, како и епидемиолошките податоци и предлози од инфектолозите.

Од сабота во 8 часот ќе се отворат организираните плажи со посебни правила за социјална дистанца помеѓу лежалките и мерки кои ќе треба да се почитуваат.

Викендов во Грција се очекуваат температури до 40 степени, па одлуката за отворање на плажите им се погоди. 

vikendov-grcite-kje-uzhivaat-na-515-otvoreni-plazhi-pod-koi-uslovi-kje-rabotat-02.jpg

Дивите плажи остануваат затворени за посетители, а патувањето на островите се очекува да биде дозволено од 18-ти мај, но само до оние најблиските до Атина.

Плажите ќе работат по следниве правила:

- Максимален број на посетители на 1.000 метри квадратни е 40 луѓе.

- Задолжително е бележење на бројот на луѓе на влез.

- Минималната дистанца помеѓу чадорите е 4 метри. Минималната дистанца од 1 метар помеѓу сенките на два чадори е задолжителна.

- Под 1 чадор може да има само 2 лежалки, со исклучок на семејства со мали деца.

- Минималната дистанца помеѓу 2 лежалки е 1.5 метри.

- Задолжително е да се постави крпа на лежалките, што е одговорност на посетителите.

- Кантините и кафе баровите нема да бидат отворени за посетители, забранети се маси и столици, ќе им биде дозволено да продаваат пакувани храна и пијалаци за носење.

- Забранета е продажба на алкохолни пијалаци на плажите.

- Дистанцата помеѓу купувачите во редот за чекање треба да биде минимум 1.5 метри.

- Персоналот на плажите е задолжен да ги дезинфицира лежалките по користење на посетителите, како и сите санитарии и објекти кои се под нивна надлежност на плажата.

- Тимските спортови со физички контакт се забранети.

 М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Туристка ја разгневи јавноста: Зафати 8 лежалки на базен во Шпанија, па отиде на појадок со семејств... Туристка се соочи со критики за видеото од нејзиниот одмор во Шпанија. Таа се по...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава