Туристка ја разгневи јавноста: Зафати 8 лежалки на базен во Шпанија, па отиде на појадок со семејството (видео)

Туристка се соочи со критики за видеото од нејзиниот одмор во Шпанија. Таа се пофали дека рано наутро зафаќаат по осум лежалки на хотелскиот базен, но потоа со семејството одат на појадок и во шопинг, па со часови не се враќаат на базенот.

turistka-ja-razgnevi-javnosta-zafati-8-lezhalki-na-bazen-vo-shpanija-pa-otide-na-shoping-i-pojadok-so-semejstvoto-video01.jpg

Борбата за фаќање место на плажа или покрај базен е тема што е актуелна секое лето.

Додека повеќето сметаат дека е некултурно некој да зафати лежалка или голем дел од плажата и да не се појави неколку часа, други се убедени дека имаат право да прават што сакаат.

Ова е честа појава во Грција, па надлежните почнаа да ги собираат лежалките и чадорите на туристите со багер бидејќи според законот, плажите се јавен простор и никој не смее да си „резервира“ место на овој начин.

Во многу хотели со базен, пак, не е дозволен пристап до лежалките до одредено време наутро. Се случува и вработените во хотелот да ги соберат крпите и предметите од лежалките што сте оставени со часови без надзор.

turistka-ja-razgnevi-javnosta-zafati-8-lezhalki-na-bazen-vo-shpanija-pa-otide-na-shoping-i-pojadok-so-semejstvoto-video-04.JPG

Бидејќи е јасно дека ваквото однесување е неприфатливо, туристка од Велс се соочи со остри критики откако се пофали дека наутро си „резервирала“ дури осум лежалки на одморот во Шпанија.

29-годишната Стефани објави видео на ТикТок во кое ја споделува својата „генијална стратегија“.

Стефани отседнувала во хотел во Лас Палмас во Шпанија и вели дека бидејќи се големо семејство со шест деца, морале да преземат „драстични мерки“ за да имаат лежалки.

turistka-ja-razgnevi-javnosta-zafati-8-lezhalki-na-bazen-vo-shpanija-pa-otide-na-shoping-i-pojadok-so-semejstvoto-video-05.JPG

Во видеото се гледа како Стефани ги зафаќа лежалките покрај базенот со крпи, но потоа со семејството одат низ градот.

Тие јадат во ресторан, па дури и купуваат облека пред конечно да отидат на базенот каде што ги зафатиле лежалките.

„Најпрво, мора да си ги фатиме лежалките покрај базенот. Дојдовме како големо семејство, па треба рано да бидеме таму“, вели Стефани.

turistka-ja-razgnevi-javnosta-zafati-8-lezhalki-na-bazen-vo-shpanija-pa-otide-na-shoping-i-pojadok-so-semejstvoto-video-08.JPG

turistka-ja-razgnevi-javnosta-zafati-8-lezhalki-na-bazen-vo-shpanija-pa-otide-na-shoping-i-pojadok-so-semejstvoto-video-10.JPG

Според она што е прикажано во видеото, Стефани и семејството сигурно биле отсутни и неколку часа.

Во коментари, мајката се соочи со многу критики.

„Зошто ги зафаќаш лежалките ако не сте на базенот цел ден?“

„Се молам никогаш да не сретнам вакви туристи“.

„Требало да ви ги фрлат крпите во базенот“

„Сите хотели треба да го имаат истото правило – ако ве нема повеќе од 30 минути, да ви ги отстранат крпите и личните предмети од лежалките“.

Погледнете го видеото:

@mummyandmilliemaex

DITL 🧸✨ #ditl #vlog #holidaytiktok #breakfast #stroll #holidaymodeactivated #vacationstyle

♬ original sound - Stephanie | Mum of 6 👧🏼🩷

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си поминав ужасно на одмор во Грција“ - Туристка стана мета на потсмев поради бизарните поплаки за ... Британка која била на одмор на островот Крф вели дека ова ѝ било најлошото патув...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Ќерка ми се шминка од 3-годишна возраст, троши по 2.000 долари за продукти за убавина“: Мајка стана... Мајка од САД гордо кажува дека нејзината ќерка се шминка од 3-годишна возраст и ...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
Туристи спијат на лежалки за да имаат најдобри места покрај базен следниот ден, јавноста ги нарекува... Додека туристите од Балканот оставаат пешкири и лежалки на плажа преку ноќ за да...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg