Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот
- Детали
- четврток, 20 ноември 2025
Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, па почнала да го крие, додека еден ден не видела која е претходната рекордерка со најширок јазик, па решила да се пријави во Гинис и да ја победи.

Адвокатка од Америка, Британи Лакајо, освен што се занимава со својата правна кариера, позната е и по една необична генетска карактеристика.
Таа има многу широк јазик, а иако некогаш се срамела од тоа, неодамна реши јавно да го покаже тоа како уникатна особина, па успеа да влезе и во Гинис.

Во 2024 таа беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најширок јазик во светот.
Ширината изнесува 7.90cm и јазикот ѝ е за 2.5cm поширок отколку што е долг, а овој рекорд е измерен кај Британи во февруари 2024.
Во текот на животот сите ѝ коментирале дека има многу широк јазик, па од тоа се срамела и го криела, но во еден момент решила да го официјализира ова и самата се пријавила, кога видела видео од претходниот рекордер.

Овој рекорд не успеа никој да го сруши 10 години, претходниот рекордер беше Емили Шленкер, која ја добила титулата како тинејџерка, со јазик широк 7.33cm.
Рекордери: Татко и ќерка имаат најшироки јазици во светот
;@guinnessworldrecords Widest tongue (female) 📏👅 7.33 cm (2.89 in) - Emily Schlenker 🇺🇸
♬ original sound - Guinness World Records
Повеќе фотки од Британи:







М. М. | Црнобело
