„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи со навидум машките чевли
- Детали
- среда, 10 септември 2025
„Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките коментари за стајлингот на Ирина Шајк на тенискиот турнир US Open. Соодветно или претерано?

Ирина Шајк се појави на US Open 2025, eден од најголемите тениски турнири на светско ниво, во смела и впечатлива комбинација што веднаш предизвика дебата на социјалните мрежи.
На настанот во Њујорк, Ирина беше една од многуте познати личности што се појавија.

Сепак, она што најмногу го привлече вниманието од нејзиното присуство на US Open беше нејзиниот впечатлив моден избор.
Додека некои од ѕвездите кои присуствуваа избраа лежерен, но елегантен стил со кошули, фармерки, макси здолништа и лесни фустани, 39-годишната манекенка се одлучи за поекстремна варијанта, истакнувајќи ја својата витка фигура во проѕирен, тесен сив фустан со набори во средината.

Комбинацијата ја заокружи со масивен ѓердан и кафени мокасинки, кои на прв поглед изгледаат како машки чевли, додавајќи опуштен и необичен шмек на нејзиниот гламурозен изглед.

Сепак, иако со леснотија ја износи оваа впечатлива модна комбинација, фановите не се воодушевени од нејзиниот избор.
Додека некои го пофалија нејзиниот смел стил, други сметаат дека изгледа „претерано“ за спортски настан.

Дел од коментарите на социјалните мрежи се:
„Тоа е стајлинг за гледање тенис?“
„Прекрасен фустан, но премногу формален за овој настан“.

„Таа е убава, но фустанот...“
„Мораш да бидеш навистина убава за да изгледаш добро во ваков ужасен фустан“.
„Овој фустан не е соодветен за ваков настан“.
Што мислите вие за изборот?





Видео од неа (кликнете на него):
С. С. | Црнобело
