Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина
- Детали
- понеделник, 01 декември 2025
Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се соочи со критики поради проѕирниот фустан од тантела што го носеше на формална вечера по повод Денот на благодарноста. Сепак, некои сметаат дека нема ништо вулгарно, без разлика што е на настан со други политичари.

Кимберли Гилфојл е американска политичарка која моментално е амбасадорка на САД во Грција.
Позната е и како поранешна партнерка на синот на Доналд Трамп – Доналд Трамп Џуниор – но исто внимание привлекува и со својот стајлинг.
Кимберли беше назначена за амбасадорка во Грција на почетокот од 2024-та, а поради својата позиција, честопати присуствува на важни настани во Грција.
Минатата недела, по повод Денот на благодарноста, Кимберли присуствуваше на свечена вечера во хотел во Атина.
И, она што привлече најмногу внимание беше аутфитот на амбасадорката.
На настанот на кој присуствуваа политичари и луѓе од власта, Кимберли се појави црн фустан од тантела.
Откако се качи на подиумот да одржи говор, стана очигледно дека фустанот е проѕирен.
Горниот дел од телото на Кимберли е покриен, а кога се качи на подиумот целосно ѝ се познаваа нозете.
Иако Кимберли, која има 56 години, изгледа навистина добро, се соочи со критики бидејќи според многумина, аутфитот воопшто не е соодветен за ваков настан.
„Интересен избор на облека за американски амбасадор на формална вечера“.
„Сметам дека аутфитот не е соодветен за нејзината положба“.
„Амбасадорка со проѕирен фустан на важен настан?“
„Повеќе личи на Кардашијан отколку на амбасадорка“.
Од друга страна, некои сметаат дека Кимберли изгледа добро и нема ништо лошо во аутфитот.
„Во Атина има многу жени кои сакаат да се облекуваат убаво. Според мене, изгледа добро“.
„Не гледам ништо лошо во фустанот – покриена е од глава до пети. И, фустанот има постава на горниот дел“.
„Можеби не ја ценам како политичар, но сакам да ѝ дадам комплимент. На 56 години уште може да си носи тесен фустан“.
Инаку, во 2018 година, Кимберли почна да се гледа со Доналд Трамп Џуниор, а следната година почнаа да живеат заедно.
Во 2020-та се свршија, но ја открија свршувачката дури две години подоцна.
Кон крајот на 2024-та, почна да се шпекулира дека Трамп Џуниор има афера со друга жена, па тие ставија крај на врската.
Спирова С. | Црнобело