Со багери и камиони се тргаат лежалки и чадори на Халкидики: „Не се ваша сопственост“

Сите што имаат оставено чадори и лежалки на плажите во Касандра, треба вечерва (24.07) да ги отстранат, затоа што ќе им бидат одземени. Општината Полигирос, пак, вчера објави фотки од масовната акција за расчистување на нивните плажи.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-01.jpg

Слично како и лани, така и годинава властите во повеќе општини на Халкидики во Грција отпочнаа или најавија дека ќе отпочнат со расчистување на врзаните чадори и лежалки, чија цел е да го чуваат резервирано местото на плажа.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-02.jpg

Во изминатите денови се спроведе голема акција за расчистување на напуштените лежалки и чадори на плажата Каливи во општината Полигирос.

На официјалната Фејсбук страница на општината Полигирос вчера (23.07) беа објавени повеќе фотографии од моментот на расчистувањето.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-03.jpg

Се гледа дека властите со помош на камионети и багери утрото, околу 6.30 часот, ги отстраниле сите нелегално поставени реквизити на плажа, што ги затекнале таму, а имале за цел да го чуваат местото резервирано во текот на ноќта.

„Веќе еден месец наназад информиравме дека ќе продолжиме да ги расчистуваме плажите на кои има чадори и лежалки, затоа што тие се поставени нелегално.

Не е во ред тоа што некои туристи се однесуваат како плажите да се во нивна сопственост. Можеби во изминатите години ја толериравме оваа нелегална активност, но на ова мора да се стави крај“ – велат тамошните власти.

Во изјава за тамошните медиуми, од општината информираат дека дел од туристите што сфатиле што се случува, побрзале да си ги земат лежалките и чадорите.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-04.jpg

Оние, пак, што не успеале да го направат тоа, ќе може да си ги подигнат од Службата за хигиена во општината Полигирос.

Освен во оваа општина, во текот на вчерашниот ден беше издадено предупредување и на Фејсбук страницата на општината Касандра, од каде известија дека почнувајќи од 25.06 (четврток) и кај нив ќе се отпочне со расчистување на плажите.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-05.jpg

„Општината ќе започне со отстранување чадори, лежалки и каков било вид на прицврстени конструкции, кои се поставени од страна на туристите на плажите, а се со траен карактер.

plazhite-ne-se-vasha-sopstvenost-so-bageri-i-kamioni-se-raschistuvaat-plazhite-na-halkidiki-06.jpg

Нивното поставување и трајниот престој е нелегален. Сите напуштени реквизити ќе бидат отстранети како загадувачи“ – се вели во соопштението.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Туристи оставаат пешкири на плажа во Полихроно преку ноќ: „Лежалките се безобразно прескапи, но ова ... Лежалки и пешкири на плажа во Полихроно ги поделија мислењата - за едни е дно шт...
„Не е срамота да носиме храна на плажа“ - Србинка покажа како им готви на децата на одмор (видео) „Од едицијата „никој нас нема да нè ограбува“ - не е на одмет да се нормализира ...
Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...
Изгорена кантина, уништени чадори – Плажата Гликади на Тасос по пожарот (фото) Кантината е целосно изгорена, опремата на плажата е уништена, исто како и голем ...
Херојски потег: Келнер на плажа на Крит скока во море да спаси пливач кој се бори со морски струи (в... И додека секојдневно слушаме за трагедии на плажа, ова е една со среќен крај – к...
Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg