„Не е срамота да носиме храна на плажа“ - Србинка покажа како им готви на децата на одмор (видео)
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
„Од едицијата 'никој нас нема да нè ограбува' - не е на одмет да се нормализира носењето храна на плажа, не е глупаво, луѓе мои, не е! Само ние Балканците го имаме тој тренд, насекаде во светот е најнормално да јадеш што сакаш и каде сакаш!“, пишува Србинка, која носи зготвени манџи за децата на плажа.

Србинката Сузана Бурсаќ, на Инстаграм позната како @suzanin.svet, ја следат преку 122.000 луѓе.
Таму, споделува бројни видеа од својот живот со трите деца и сопругот и се обидува да ја покаже реалната страна, не само онаа убавата што многумина ја споделуваат на социјалните мрежи.
Семејството во моментов е на летување во Грција, со кампер, па фокусот на нејзините објави се патувањето и малите и големи проблеми со кои се соочува.

Па, така, во последното видео, Сузана покажа дека готви храна за на плажа.
Јадењата се убаво спакувани во стаклени и пластични садови, а наместо од чинии, сите јадат од истиот сад.
Со ова, Србинката сака да испрати порака дека е многу нормално да се носи зготвена храна, дури и манџа на плажа.

„Од едицијата „никој нема да нè ограбува“. Секако, се шегуваме, сакаме и кога нè ограбуваат и нè послужуваат убаво - колку што сакам да готвам, толку сакам и кога другите се грижат за мене.
Но, не е на одмет да се нормализира носењето храна на плажа, не е глупаво, луѓе мои, НЕ Е!
Само ние Балканците го имаме тој тренд, насекаде во светот е најнормално да јадеш што сакаш и каде сакаш!“, пишува таа.
Па, за децата, но и за себе и сопругот, Сузана, освен што понела три зготвени јадења, таа за децата направила и палачинки, а спакувала и овошје.

Коментарите на видеото се и позитивни и полни со поддршка.
„Ништо послатко, го обожавам ова“,
„Кога ќе пораснат, ова ќе им бидат некои од најслатките спомени“,
„Супер ми е ова. Браво мамо. Нека уживаат децата, тоа е важно“,
„Овие тестенини за на плажа ми се супер идеја, браво мајка“, се дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Во друго видео Сузана откри дека има плоча-скара и дека таму готви многу од јадењата за децата.
Кликнете на видеата за да ги погледнете:
А. Ј. | Црнобело
