Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Светлосни години пред нас: Во кафетерија во Јужна Кореја робот прави и служи кафе (видео)

Со цел да се почитуваат мерките за дистанцирање, во една кафетерија во Јужна Кореја „вработиле“ робот кој прави и служи кафе.

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-01.jpg

Пандемијата сè уште е во ек, а државите ширум светот почнуваат да се адаптираат на новиот начин на живот. Во голема мера, рестриктивните мерки се разлабавени, но уште треба да го почитуваме правилото за социјално дистанцирање, а во овој случај роботите се покажуваат како одлични помошници.

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-02.jpg

Роботот од кафетеријата во Јужна Кореја е дело на фирмата Vision Semicon, а според нив, целосно ја намалува потребата од интеракција помеѓу луѓе.

Наводно, роботот работи без „помош“ од луѓе, а масите во кафетеријата се доволно оддалечени едни од други за тој слободно да минува помеѓу нив.

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-03.jpg

Целиот систем е составен од роботска рака која може да направи 60 разни видови кафе, и подвижен дел кој има улога на келнер. Уште подобро е што роботот работел навистина брзо – за нарачка од шест пијалаци, му биле потребни само околу седум минути.

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-07.jpg

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-05.jpg

За да порачаат нешто од роботот, луѓето не треба воопшто да го допираат, туку само да му кажат што сакаат.

Благодарение на него, пак, во кафетеријата сега има само еден вработен човек, чија задача е да ја одржува хигиената и да го „полни“ роботот со потребните состојки за кафе.

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-04.jpg

kafeterija-vo-juzhna-koreja-vraboti-robot-shto-sluzhi-kafe-i-pijachki-06.jpg

Идејата е одлична, иако кај нас веројатно не би била добро прифатена, бидејќи тоа значи дека голем број од персоналот во угостителските објекти би останал без работа. Сепак, Јужна Кореја уште еднаш покажа дека е светлосни години пред нас. 

Од компанијата се надеваат дека годинава ќе успеат да дистрибуираат барем 30 вакви роботи низ разни локали.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во Северна Кореја како турист – Ким Џонг Ун го гледаат како бог, не смеев сам да одам ни до тоа... Јутјубер од Англија ја посетил Северна Кореја и открива дека не смеел да зборува...
Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Чувам кукли кои личат на бебиња, како Бритни Спирс – и мене ме исмејуваат, но сакам да се грижам за... Жена од Австралија почнала да чува реалистично изработени кукли кои личат на беб...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg