Емотивно видео: Хигиеничарка на зграда во Њујорк се расплакува откако станарите ќе ѝ подарат стан

Сакајќи да ѝ се заблагодарат за сè што направила за нив, станарите од една зграда во Њујорк ѝ приредиле неверојатно изненадување на хигиеничарката што работи таму, откако останала во лоша финансиска состојба.

stanari-od-njujork-so-nezaboravno-iznenaduvanje-za-nivnata-higienicharka-i-podarile-penthaus01.jpg

Роза е хигиеничарка од Њујорк на која поради пандемијата, ѝ се намалил обемот на работа, а со тоа и приходите. Нејзината финансиска состојба се влошила до тој степен, што морала да почне да живее со сестра ѝ. Но, станарите од една зграда во којашто чисти одлучиле да ѝ помогнат, но и да ѝ се заблагодарат, така што изнајмиле цел пентхаус за неа на две години, додека да се стабилизира нејзината финансиска состојба.

Тие направиле и видео од целиот настан, кое на Фејсбук има над 700.000 лајкови.

„Ова е Роза. Таа го изгуби работното место поради пандемијата и живее кај сестра ѝ. Таа работи во оваа зграда 20 години! Сите ја сакаат! Па, одлучивме да ѝ дадеме нешто на жената која им дава премногу на сите други. Таа не знае што се случува. Сега, таа ќе добие пентхаус“, пишува на почетокот од видеото, додека Роза оди до пентхаусот со лифт.

stanari-od-njujork-so-nezaboravno-iznenaduvanje-za-nivnata-higienicharka-i-podarile-penthaus-02.jpg

Двајцата мажи кои се појавуваат во видеото ѝ рекле на Роза дека ќе оди во пентхаусот за да го исчисти, пред да им го покажат на потенцијалните купувачи. Како што влегуваат внатре, Роза е видно воодушевена од огромниот стан, а мажите почнуваат да ѝ покажуваат наоколу.

Најпрво Роза се вљубува во кујната, изјавувајќи:

„Се надевам дека станарите ќе сакаат да готват, бидејќи оваа кујна е совршена“.

emotivno-video-higienicharka-na-zgrada-vo-njujork-se-rasplakuva-otkako-stanarite-kje-i-podarat-stan.jpg

Потоа, двајцата мажи ѝ го покажуваат балконот, а Роза додава:

„Овде може да се стави телескоп“.

stanari-od-njujork-so-nezaboravno-iznenaduvanje-za-nivnata-higienicharka-i-podarile-penthaus-07.jpg

Кога завршуваат со турата низ станот, едниот од мажите почнува да ѝ зборува на Роза:

„Знам дека многу луѓе во зградата те сакаат. На некој начин, ти си ѕвезда во оваа зграда. Знам дека годината беше тешка за тебе и твоето семејство. Но, имаш огромно позитивно влијание врз луѓето во оваа зграда, и тие само сакаат да ти дадат нешто за возврат“.

Тогаш мажот ѝ го покажува договорот, велејќи дека целиот стан е нејзин, трошоците за наредните две години се покриени, а таа само треба да се потпише и да ги земе клучевите.

stanari-od-njujork-so-nezaboravno-iznenaduvanje-za-nivnata-higienicharka-i-podarile-penthaus-08.jpg

На крајот, Роза почнува да плаче и успева да изусти само една реченица:

„Ова е премногу, не ми се верува“.

Агентот, пак, ѝ вели дека сето е заслужено.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...

Најчитани неделава